TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Малта ✈️

08-ми Октомври 2022 (Сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на аеродром Скопје во 11.30 часотПолетување во 14:00 часот . Слетување на аеродром во Малта во 15,50 часот (локално време). Заминување со автобус на кратка екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните. Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век. Трансфер и сместување во хотел 4*. Слободно попладне. Ноќевање 1.
09-ти Октомври 2022 (Недела) МАЛТА- ГОЗО
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu…
Цена на турата (со вклучен ручек) 60 ЕурПопладне враќање во хотел. Ноќевање 2.
10-ти Октомври 2022 (Понеделник) МОСТА-МДИНА-ВАЛЕТА
Појадок. Појадок. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Разглед на Валета изграден од витезите на St. John. Разгледот го започнуваме со 3Д шоу каде низ видео запис ќе првично ќе се запознаеме со Малта. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети … Цена на турата: 55 €. Попладне враќање во хотел. Ноќевање 3.
11-ти Октомври 2022 (Вторник) KОМИНО и ПЛАВА ЛАГУНА
Појадок. Организирана факултаттивна тура со автобус и брод за островот Комино. Комино е населен остров со околу 500 жители. Непосредно од Комино се наоѓа Коминото. Коминото е многу мал остров кој спаѓа во Комино и е ненаселен. Помеѓу Комино и Коминото се наоѓа познатата „сина лагуна“ која е многу посетена од туристи од насекаде. Островот го добил името по растението ким (Cuminum cyminum) што е мошне распространето на таа почва.Целодневна екскурзија со можност за забава, капење во прекрасните води на сината лагуна, ручек, неограничени пијалоци и многу насмевки. Цена 40 €
Враќање во хотел во попладневните часови.Ноќевање 4.
12-ти Октомври 2022 (Среда) МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. . Организиран трансфер до аеродром во 13.00 часот. Полетување за Скопје во 16:00 часот. Слетување во Скопје во 17:30 часот. Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата..

 Цена на аранжманот: 397 € / 24,614,00 мкд
За уплата до 31/08/2022  357 € /22,153,00 мкд

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
Сместување во хотел 4* /4 ноќевања со појадок (базен, фитнес, сауна) https://www.hotelsantana.com/
Вклучена посета на трите града СЕНГЛЕА, БИРГУ, БОРМЛА
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Трансфер Битола-Скопје-Битола 20 €р
Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 55 €
Факултативна посета на Гозо 60 €
Факултативна посета на островот Комино и Плавата Лагуна со можност за капење 40 €
Факултативна еднодневна тура со брз брод до Сицилија 130 €
Туристичка такса во хотел
Влезници за културно историските музеи
Патничко осигурување
Сите неспоменати трошоци

Напомени:
Пријавување за факултативните излети при резервација во агенцијата !!!!
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Калкулацијата за факултативните излети е зa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.