TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Милано

 

08 Март 2024 (Петок)                  СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 17.50 часот. Авионот за Милано полетува во 19.50, слетува во 22.00 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.

09 Март 2024 (Сабота)                МИЛАНО
Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.

10 Март 2024 (Недела)                              МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано…. Ноќевање.

11 Март 2024 (Понеделник)                    МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 22.35, а пристигнувањето во Скопје е во 00.40 часот по полноќ.

Цена на аранжманот:  499 € / 30.940 мкд

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
Аеродромски такси
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел 3* во Милано на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг
(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Посета на Лугано и Комо 80
Туристичка такса 950 мкд   (се плаќа во агенција )
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 8.500 мкд

Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракци, меѓу кои во срцето на Милано – огромната катедрала во неоготски стил ”Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар Ла Скала, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која всушност е изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговиски центар во светот.

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ

 

Милано, ИТАЛИЈА
петок, март, 8, 2024
4 dena 3 noki
20
€499.00

МАРТ 2024

АВИОН
08 - 11.03.2024

€499.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица