TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Милано-Торино-Лугано-Комо ✈️

 

Датум на поаѓање 09.02.2023 /21:31/
Датум на враќање 13.02.2023
Цена на аранжман 289 €
Дестинација Италија

 

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ВЕРОНА

 

1.ден (четврток – 09.02.’23) : БИТОЛА – ТИРАНА
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 21.30 часот…поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 22.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…

2.ден (петок – 10.02.’23) : ТИРАНА – МИЛАНО
Пристигнување на аеродром Тирана околу 03.30 часот. Лет за Милано со WIZZ Air во 06.00 часот. Пристигнување во Милано во 08.05 часот. Разглед на градот со стручен водич… тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, галеријата Via Vittorio Emanuelle – најважната истоимена шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот…Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

3.ден (сабота – 11.02.’23) : МИЛАНО – ТОРИНО
Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), вториот по големина и важност град во Ломбардија по Милано…прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино…во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета…се упатуваме кон центарот на градот, се упатуваме кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри, доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија…на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано, со попатна посета на Трговски центар…Ноќевање.

4.ден (недела – 12.02.’22) : МИЛАНО – КОМО – ЛУГАНО – МИЛАНО (аеродром)
Појадок. По појадокот – факултативен излет до Швајцарија…посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…упатување кон аеродромот Малпенса, од каде имаме лет за Тирана во 22.35 часот…пристигнување во Тирана во 00.35 часот.
5.ден (понеделник – 13.02.’22) :
Поаѓање за Битола и пристигнување во раните утрински часови – наредниот ден

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 17.920,00 денари (289 €)

Во цената Е вклучено:
Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола – Тирана (аеродром) – Битола;
Авиобилет Тирана – Милано – Тирана (WIZZ AIR);
Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см. до 10 kg.);
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Милано (околина);
Разглед на Милано со стручен водич;
Посета на трговски центар
Организација, водство и реализација на аранжманот.

Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничко осигурување
ДОПЛАТА за куфер (до 10 кг. или до 20 кг. цената е променлива, информации во агенција)

Цената на аранжманот зависи и од моменталната расположливост на местата во авионот

Цените се по лице
Факултативно Торино (трансфер + локален водич)  80 € (минимум 20 лица);
Факултативно Лугано и Комо (трансфер + локален водич) – 80 € (минимум 20 лица);
Крстарење по езерото Комо – 20 € по лице; минимум 15 лица;             

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот.
Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува (со датата на уплата на аранжманот), во зависност од капацитетот и типот на истиот.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

 

Милано, ИТАЛИЈА
четврток, февруари, 9, 2023
4 dena 2 noki
25
€289.00

ФЕВРУАРИ 2023

АВИОН
09.02 - 12.02.2023

€289.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица