TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Москва и Санкт Петербург ✈️

 

18. Октомври (Понеделник)     СКОПЈЕ – МОСКВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09:30 часот. Полетување во 11:15 и пристигнување во Москва во 15:30 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Организиран панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Симболот на Мосфилм, со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.
19. Октомври (Вторник)                              МОСКВА – КРЕМЉ
Појадок. Организирана посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда”, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.
20.Октомври (Среда) МОСКВА-СЕРГЕЕВ ПОСАД
Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Ноќевање.
21. Октомври (Четврток)                            МОСКВА
Појадок. Прошетката во Москва продолжува со обиколка на неколку од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање.
22. Октомври (Петок)                   МОСКВА – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Трансфер до железничката станица Ленинградски вогзал и организиран превоз до Санкт Петербург со модерен брз воз Сапсан (4 часа). Сместување во хотелот. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.
23. Октомври (Сабота) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ
Појадок. Посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Можност за посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.
24. Октомври (Недела) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ПЕТЕРГОФ
Појадок. Прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Ноќевање.
25. Октомври (Понеделник) САНКТ ПЕТЕРБУР – ЦАРСКО СЕЛО
Појадок. Прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.
26. Октомври (Вторник) САНКТ -ПЕТЕРБУРГ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје во 11:10 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 13:35 часот.

 

Цена на аранжманот:                      999 €        (61.950 денари)

 

Во цената Е вклучено:
– Авионски превоз Скопје –Москва и Санкт Петербург – Скопје со вклучени аеродромски такси
–   Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20 см до 10 кг)
–   Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот
–   Превоз со брз воз од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до железничките станици
–   Трансфер во Санкт Петербург од хотелот до аеродромот
–   Сместување во Хотел 3/4* во Москва на база 4 ноќевања со појадок
–   Сместување во Хотел 3/4* во Санкт Петербург на база 4 ноќевања со појадок
–   Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург
–   Екскурзии со влезници, превоз и водич: Кремљ, Ермитаж, Петродворец Петергоф, Царско Село Пушкин
–   Туристичка виза на Руската Федерација
–   Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
–   Багаж за чекирање 1 куфер до 20 кг 3.100 денари
–   ПЦР тест
–   Факултативни излети:
Сергиев Посад 60 €, Крстарење со брод по реката Москва, Крстарење со брод по реката Нева
–   Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)
–   Патничко-здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 10 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во €, плаќање во денарска противвредност по курс  1€ = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

МОСКВА
Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Симболот на Мосфилм, со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва..
Обиколка на неколку од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Радисон.

МОСКВА – КРЕМЉ
Организирана посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина.
Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата.
Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви.
Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда”, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад…..

МОСКВА – СЕРГИЕВ ПОСАД
Факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Ноќевање

САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Посета на Петропавловската тврдина, во центарот се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле.
Тврдината била проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор…

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ
Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата.
Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети.
Меѓу ремек делата внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо…

САНКТ ПЕТЕРБУРГ –  ПЕТЕРГОФ
Фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар.
Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство.

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЦАРСКО СЕЛО
Летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин.
Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови.
По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај.
Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера.

1.   За реализација на аранжманот потребен е минимален број 10 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.   Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.   Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената