TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Неапол-Капри-Амалфи-Позитано🚌+⛴️

1.ДЕН (06.10.2022 – четврток) : БИТОЛА – ДРАЧ
Состанок на групата на градската автобуска станица во 14.00
часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки
попатни одмори. Пристигнување во Драч – сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00
часот.
2.ДЕН (07.10.2022 – петок) : БАРИ – НЕАПОЛ
Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на
патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со стручен
водич…обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo,
палатата Reale, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии
гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на
живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно
договореното место во 18.00 часот…сместување во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН (08.10.2022 – сабота) : КАПРИ – СОРЕНТО
Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за
островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и
гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму,
со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век.
Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме
(со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via
Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку
познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици,
продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок
на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за
индивидуален разглед на градот…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via
Corso Italia…Состанок на групата на претходно договореното место во 21.30 часот. Враќање во хотел.
Ноќевање.
4.ДЕН (09.10.2022 – недела) : АМАЛФИ – ПОЗИТАНО
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуален
разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на туристичката
понуда на Италија…2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд,
така и за летен одмор од страна на туристите…се наоѓаат на Сорентинскиот полуостров, а Амалфи беше првиот
град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува
планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото…од друга страна,
поради оваа причина, од гратчето има прекрасен поглед кон морето. Патувањето продолжува кон Позитано –
едно од најмонденските места во Италија…се наоѓа веднаш до Амалфи. Заљубени во неговите тесни кривулести
улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова
мало место…прошетка и разглед на овие 2 прекрасни места кои ќе Ве остават без здив со локален
водич…враќање во Соренто во касните попладневни часови. Ноќевање.
5.ДЕН (10.10.2022 – понеделник) : ПОМПЕА – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и
заминување за Помпеа…факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој
трагично престана да егзистира како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув…поаѓање за Бари во
попладневните часови. Пристигнување во Бари околу 18.00 часот…можност за посета на базиликата Св.Никола,
со поклонение на неговите мошти…трансфер на брод. Вечерна пловидба кон Драч.
6.ДЕН (11.10.2022 – вторник) : ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за
Битола…пристигнување во Битола во касните попладневни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 17.300,00 ден. (279 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Неапол со
стручен водич; 3 НП во Соренто или Неапол (околина) во хотел со 3*; бродски превоз (дек-седишта) на релација
Драч – Бари – Драч (доплата за 1/4 кабина – 10 € по лице во правец, доплата за 1/3 кабина – 15 € по лице во
правец; доплата за 1/2 кабина – 20 € по лице во правец, пријава и уплата со самата резервација во агенцијата);
посета на Бари; ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ без надокнада од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп;
организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културноисториските споменици; патничкото осигурување; такса за престој – 1,5 ЕУР по лице (се плаќа на рецепција);

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА цени по лице :
Факултативната посета на Капри 65 €  (повратна бродска карта + локален водич + трансфер);
Полудневниот факултативен излет за Амалфи и Позитано 45 € (трансфер + превоз со мини-бус + локален водич);
Посета на Помпеа 25 € (трансфер+влезница+стручен водич);
За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници;

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот
износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 15 дена пред
поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а
најкасно 15 дена до почетокот на аранжманот.

 

 

Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот,
измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето.
Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени
посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е
посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3
месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на
својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за
известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. ТУРИСТ

 

Неапол, ИТАЛИЈА
четврток, октомври, 6, 2022
6 dena 3 noki
40
€279.00

11ти ОКТОМВРИ

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
06-11.10.2022

€279.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица