Програма
30.12.2022 (петок) |
22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. |
31.12.2022 (сабота) |
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав: Дунавската улица, Дунавскиот Парк, Змај-Јовината улица, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, Соборната Црква… По завршувањето на разгледот сместување на групата во хотелите Зенит 3*** ( https://hotelzenit.co.rs/ ) и Медитеранео 3*** ( https://hotelmediteraneo.rs/ ) на извонредна локација во самиот центар на градот. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ празнично украсениот град. Вечерта Дочек на Новата 2023 Година во сопствена организација. Ноќевање. |
01.01.2023 (недела) |
Појадок. Во договореното време заминуваме кон Сремски Карловци, малиот шармантен град во Војводина кој долго време бил под власта на Хабзбуршката Монархија. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој дише со отменост и аристократија. Се вели дека Патријаршијата е една од најубавите згради во Србија. Изградена е кон крајот на 19.век во стилот на Италијанските палати на местото каде некогаш се наоѓал Пашин конак, првото седиште на поглаварот на Српската Православна Црква. На централниот плоштад во градот доминира прочуената чешма Четири Лава изградена во 1799 година во чест на отварањето на првиот карловачки водовод. Тука е и најстарата Карловачка Гимназија подигната во 1891 година како задужбина на патријархот Герман, а од почетокот на 20. век наставата во неа е достапна и за девојките. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Во договореното време се враќаме во Нови Сад. Организиран ручек со музика во живо во ресторан во градот. Во вечерните часови слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. |
02.01.20223(понеделник) |
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови. |
199 € (12.340 денари) цена за сместување во хотел Медитеранео 3*
209 € (12.960 денари) цена за сместување во хотел Зенит 3*
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Две ноќевања со појадок во хотелите Медитеранео 3* или Зенит 3* во Нови Сад
Организиран разглед на Сремски Карловци
Организиран ручек во ресторан во Нови Сад со музика во живо
Локален туристички водич за разглед на Нови Сад и Сремски Карловци
Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба за двете вечери:
40 € Медитеранео 3*
60 € Зените 3*
Туристичка такса – 1.50 € по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
Патничко осигурување
Услови
Услови на плаќање: Исклучиво во денарска противвредност
Начин на плаќање: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
За ова патување не е потребен PCR тест.
За ова патување влезот во Р.Србија, може да се оствари со патната исправа или лична карта.
Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.
За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ и Турист