TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Парга-Лефкада-Крф 🚌

1 ден 22.04.2022 – (Петок) Скопје-Битола- Јанина – Парга
Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.

2 ден 23.04.2022 – (Сабота) Целодневна екскурзија Крф
Појадок. Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 2.

3 ден 24.04.2022 – (Недела) Целодневна екскурзија Лефкада
Појадок. Организирано заминување за екскурзија Лефкада во 10,00 часот. Посета на градот Лефкас како и разглед на островот од морска страна , со прекрасната природа, надалеку прочуените крајбрежја.
ФАКУЛТАТИВНО-Организирано крстарење на Лефкада и островот Скорпиос….15 €
Можност за факултативен ручек во рибен ресторан – таверна. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање3.

4 ден 25.04.2022 – (Понеделник) Парга – Македонија
Појадок. Слободно претпладне.  Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

Редова цена: 119 €/ 7.378 мкд
Цена со попуст: 109 €/ 6.758,00  за уплата до 01/04/2022

Можност за плаќање на 4 рати со кредитна картица
Деца 2-12 години со 2 возрасни 65 €р
Сопствен превоз на барање.

Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски и бродски превоз на наведената релација
3 ноќевања со појадок во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)
Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)
Организација на патувањето

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Патничко осигурување
Крстарење Лефкада, Скорпиос 15 €
Факултативни влезници на локалитетите
Индивидуални трошоци на патниците
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 €/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 €/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.
Со овој програм важат општите услови на патување на Турист и СКТМ

Цени за сопствен превоз:
1/2 студио 35 €/наем на ден
1/3 студио 40 €/наем на ден
1/4 студио 45 €/ден
1/5 апартман 60 €/ден

Цените се дадени во € за плаќање во денарска противвредност.

Повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10€ /лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5€ /лице

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Крф. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…

Островот Крф воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња е токму во една од најубавите приказни во своето дело “Одисеја”, Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува… и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната – наречена Крф. Тој е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви… како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден од Медитеранот е на островот Крф. Над десет илјади посетители доаѓаа на Крф со цел да се прослави. На преубавиот остров Крф, празникот над празниците Воскресение Христово е прекрасно случување кое хармонично ги обединува православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

Остров Крф или Керкира, или често се нарекува острoвот на смарагдите или рајската градина, е романтична приказна за љубовта на морето. Крстен е по нимфата Керкира, ќерката на Азоп (речен бог) и речната нимфа Менопа, во која што богот на морето Посејдон толку многу се вљубил во неа и ја донел на таен прекрасен Јонски остров. Посејдон бил толку вљубен што островот го крстил по неа. Повеќето од нас остров Керкира го знаат по туристичкото име Крф.

Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјада туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи

1.   За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.   Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица
(во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.   Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ и Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ на штетата ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената