Програма
1 ден 27.12.2022 СКОПЈЕ-ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград… . Ноќно возење.
2 ден 28.12.2022 ВИЕНА-ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага, пристигнување во вечерните часови.
Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 29.12.2022 ПРАГА-ПАРИЗ
Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
4 ден 30.12.2022 ПАРИЗ
Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
5 ден 31.01.2022 ПАРИЗ (ВЕРСАЈ – ЛУВР)
Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел Ноќевање.
6 ден 01.01.2023 ПАРИЗ (СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА)
Појадок.Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуални влезници), да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
7 ден 02.01.2023 ПАРИЗ – МИНХЕН
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета на Val d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.
8 ден 03.01.2023 МИНХЕН
Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.
9 ден 04.01.2023 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-МАКЕДОНИЈА
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку Унгарија, Србија…
10 ден 05.01.2023 МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена за уплата до 15.11.2022: 359 € / 22.260 денари
Редовна цена на аранжманот: 399 € / 24.740 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Превоз со високотуристички автобус
1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
3 ноќевања во хотел 2/3* НП во Париз (околина)
1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
Прошетка низ Виена
Прошетка низ Минхен
Организација и водство на програмата
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 350 денари
Туристички такси Прага, Париз, Минхен – 15€
Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 € (задолжителна резервација при уплата)
Лувр(влезница + превоз) 30 €(задолжителна резервација при уплата)
Крстарење по Сена 20€
Срцето на Париз 20€
Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
Задолжителна посета на Салзбург 10€
Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден
Доплата за избор на седиште во автобус 10€
Разглед на Прага со локален водич 15€
Крстарње по Влтава 20€
Разглед на Париз со локален водич 20€
Париз
Париз “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот.
Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се’ до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.
Услови
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 5 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 6 месеци од денот на враќањето.
Валидноста (исправноста) на патните исправи се обврска на патниците.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање..
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ