Цена за рана уплата до 27 Октомври: 549€ / 34.040 мкд
Програма
08.12 СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ЛУВР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 06.20 и пристигнување во Париз во 09.20 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.
09.12 ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Слободно попладне или можност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
10.12 ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.
11.12 ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.05, пристигнување во 12.45 часот.
Цена за рана уплата до 27 Октомври: 549€ / 34.040 мкд
Редовна цена на аранжманот: 599€ / 37.140 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Сместување во Хотел 3* IBIS DEFENSE во Париз на база 3 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Париз
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Дополнителен багаж: кабинска торба 10кг (55 x 40 x 23 cm) , чекиран куфер до 10кг или чекиран куфер 20кг – цените на куферите ќе ги добиете во агенција.
Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 10.980 мкд
Факултативи
Версај – вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер
Возрасни 80€ / деца до 18 години 62€ задолжително резервација во агенција.
Лувр – вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.
Возрасни 62€ / деца и младинци до 18 г. 44€, задолжително резервација во агенција.
Ајфелова Кула до 2кат – само влезница, без резервација, се плаќа на лице место.
Возрасни 20€ / младиници до 24 г. 10€, деца до 11 г. 5€
Крстарење по Сена 20€ за возрасни / деца до 12 г. 15€
Дизниленд – само влезница, возрасни 105€, деца 3-11 г. 95€, задолжително резервација во агенцијата.
Трансферот со брз воз RER е околу 10€ во правец.
Услови
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Т.А. Турист е посредник за аранжманот;
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ
Париз
Париз “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот.
Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, може да прошетате покрај Сена, да се напиете кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно да прошетате низ некој од бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња се’ до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи по замрзнатото лизгалиште под ведро небо, a во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во “градот на светлината”.