TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Прага ✈️

 

 

09.март (четврток)    СКОПЈЕ – ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување во Прага во 16:00 часот (со 1 попатно преседнување). Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

10.март (петок)     ПРАГА
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич. Разглед на Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица… Слободно попладне или можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

11.март (сабота)    ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или национален ресторан. Ноќевање.

12.март (недела) ПРАГА – КАРЛШТЕЈН
Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн – некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.

Цена на аранжманот во предпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Редовна цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)

Во цената на аранжманот Е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Прага – Скопје (со 1 попатно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
– Организација и реализација, придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)
– Доплата за еднокреветна соба (25 €)
– Факултативни излети и посети:
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€)
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
– Влезници за музеите и културно – историските споменици

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници

Организаторот на патувањето не е овластен да ја цени исправноста на патните исправи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување, туристичката агенција организатор не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници..
Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, туроператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат.
Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници.
Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич.
Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

Прага, ЧЕШКА
четврток, март, 9, 2023
4 dena 3 noki
20
€429.00

8ми МАРТ

АВИОН
09 - 12. Март 2023

€429.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица