TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Пролом Бања

 

1 ден 01.05 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.00часот наутро на Дрводекор. Поаѓање за Србија во 05:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2 ден 02.05 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 03.05 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во договорено време. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во договорено време. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена 159€
Доплата за трансфер од Битола, Прилеп и Велес 10 € по лице

 

Попусти и доплати:
Доплата за еднокреветна соба 30 €
Дете 2-9 год. на доп. кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25 €
Дете 9-14 год. на доп. кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75 €
Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
Намалување за сопствен превоз -10 €
Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз Скопје – Пролом Бања – Скопје
2 ноќевања во хотел Радан 3* во двокреветни соби
Услуга во хотелот: полн пансион: шведска маса за појадок, сет мени за ручек и вечера
Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода
Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
Туристичка такса
Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената НЕ Е вклучено:
Задолжително патничко осигурување
Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница)  5€ доплата по желба.
Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

 

 

Пролом вода во сите соби, кабловска телевизија, бањарки и фен за коса…

Информации за распоред на седење во автобусот:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Напомена:
Се патува со лична карта или пасош

За влез во Србија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници
Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Со оваа програма важат Општите Услови за Патување на T.A Турист