TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Рафтинг-Тара 🚌

 

1 ден / 30.04.2022
Состанок на групата во договореното време.
Планирано поаѓање околу 04;00 часот наутро. Попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во пладневните часови во Подгорица. Слободно време за индивидуални прошетки, или шопинг во трговски центар Delta City. Околу 14;00 часот планирано поаѓање према Модра река. Пристигнување околу 17;00 часот. Вечера.
Сместувањето е во дрвени куќички. Ноќевање.
2 ден / 01.05.2022 
Појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала на реката.
После појадокот во договорено време со теренско возило со групата се упатуваме кон реката Тара.
Рафтингот се состои од предизвици и адреналин !!!
Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината.
Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО.
Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.
Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).
Ова патување е сосема поразлично и ќе ви остави безброј спомени. Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.
3 ден / 02.05.2022
Појадок. Одјавување. Продолжуваме према „Нијагарини Водопади„ кои се наоѓаат во близина на главниот град на Црна Гора Подгорица на реката Чивна. Туристите ќе имаат можност да го посетат одличниот еко-ресторан “Нијагара”.
Се одликува со национална кујна, свежа риба и печенo месо. Ресторанот има неверојатна атмосфера.
После ручек продолжуваме кон Македонија.
Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Цената е по лице во зависност од сместувањето

Куќарка бр 1
Двокреветна соба = 165 €
Трикреветна соба = 157 €
Петкреветна соба = 155 €

Куќарка бр 2

Двокреветна соба = 165 €
Трикреветна соба = 157 €
Шесткреветна соба = 155 €

Куќарка бр 3
Двокреветна соба = 169 €
Трикреветна соба = 160 €

Бунгалов
Трикреветна соба = 169 €
Четирикреветна соба = 169 €


Во цената Е вклучено :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
2 ноќевања во одбрано сместување
Услуга: Појадок, ручек, вечера
Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
Туристичка такса и такса за време на целиот престој
Туристички пратител за време на патувањето
Лиценциран водич за рафтинг
Целосна организација
Посета на Подгорица, Трговски центар, “Нијагарини водопади“

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничкото осигурување – (задолжително е да се има)
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

 

 

Куќарка бр 1
I – Спрат,  двокреветна и петтокреветна соба со голема тараса над реката и едно купатило измеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите

Куќарка бр 2
I – Спрат,  двокреветна и шестокреветна соба со голема тераса реката и едно купатило помеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со заедничка тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите

Куќарка бр 3
Двокреветни и трокревети соби со wc

Бунгалови
Трикреветни и четворокреветни бунгалови со приватни купатила

 

Услови на плаќање : Исклучиво во денарска противвредност

Начин на плаќање : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
За ова патување покрај патната исправа, може да се патува и со лична карта.
Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.