TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Рим

09. Март (Сабота) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:00 часот. Полетување за Рим во 20:50 и слетување во
22:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
10. Март (Недела) РИМ
Појадок. Прошетка до Шпанските скали; со посета на Плоштадот на Народот.
Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно
враќање во Рим. Слободно време за да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе.
Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Ноќевање.
11. Март (Понеделник) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики,
скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело
со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите
на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со
прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во
национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
12. Март (Вторник) РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо во Рим.
Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Есте.
Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани ….
Трансфер до аеродромот во Рим.
Полетување за Скопје во 23:10 и слетување во 00:50 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 419 евра (25.978 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
– Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
– Сместување во Хотел 3* во Рим 3 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
– Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg
– Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
– Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 60 евра, Тиволи 60 евра
– Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра
– Факултативна вечера во ресторан
– Влезници во музеите и културно историските споменици
– Kарти за локален превоз (метро)
– Патничко – здравствено осигурување

 

 

Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи
уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и
неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.

 

–    Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

–   За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

–   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

–   Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

–   Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–   Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–   Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

–   Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

–   За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ.

 

Рим, ИТАЛИЈА
четврток, март, 7, 2024
4 dena 3 noki
20
€529.00

8ми МАРТ

АВИОН
07-10.03.2024

€529.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица