Програма
1 ден 05.12.2023 СКОПЈЕ – РИМ (Вторник)
Состанок на групата на интернационален аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим со WIZZAIR во 12:45 часот.Слетување во Рим на Фиумичино во 14:30 часот.Организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе,плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот,Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо…Сместување во хотел.Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање.
2 ден 06.12.2023 РИМ – ТИВОЛИ (Среда)
Појадок.После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период.Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО.Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
3 ден 07.12.2023 РИМ – ВАТИКАН (Четврток)
Појадок. Со метро заминување за Ватикан и средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
4 ден 08.12.2023 РИМОКАТОЛИЧКИ КАТЕДРАЛИ (Петок)
Појадок.Факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на римокатоличките катедрали: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано,црква Сан Пјетро ин Винколи… Прошетка до Колосеумот и црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил.По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корзо или Виа Национале (главни шопинг улици).Ноќевање.
5 ден 09.12.2023 РИМ – СКОПЈЕ (Сабота)
Појадок.Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 12:00 часот.Полетување за Македонија во 15:05 часот.Пристигнување во Скопје во 16:50 часот.
Цена за уплата до 08.11.2023 – 469 € (29.080 мкд) со вклучен панорамски разглед на Рим
Редовна цена на аранжманот: 539 € (33.420 мкд)
последни 5 места по цена од 469 евра за резервации и уплати до 08.11.2023
Во цената е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
Аеродромски такси
Рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
Сместување во хотел 3* во Рим на база 4 ноќевања со појадок;
Разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
Организација и придружник на патувањето.
Во цената НЕ е вклучено:
Туристичка такса 6 € од ноќ по лице;
Голема кабинска торба до 10кг; Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг,
Влез и разглед на Ватикан со локален водич – 60 €;
Превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 70 €;
Факултативна посета на Римокатоличките катедрали – 20 €;
Влезница за црква Св.Климент и гробот на Св.Кирил – 10 €;
Резервација за влез во црква Санта Марија Маџоре – 3 €;
Метро карти;
Сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
Патничко осигурување
Рим
Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи
уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и
неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.
Услови, напомени
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и ТА АТЛАНТИК.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.