TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Рим Неапол 🚌

РИМ-НЕАПОЛ

 

1 ден (20.05.2022 – петок) : БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 14.30 часот. Поаѓање за Драч во 15.00 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч во вечерните часови – трансфер на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот. Ноќевање.
2 ден (21.05.2022 – сабота) : БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ
Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден (22.05.2022 – недела) : РИМ
Појадок. Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив…факултативен разглед на градот со стручен водич…црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altar de la Patria – Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fontana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време за шопинг на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел…Ноќевање.
4 ден (23.05.2022 – понеделник) : РИМ – ВАТИКАН
Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан со стручен водич…запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур… Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет…прошетката продолжува низ Рим…посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona…слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)…прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 18.00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
5 ден (24.05.2022 – вторник) : РИМ – ТИВОЛИ – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани…патувањето продолжува кон Бари…пристигнување во Бари во попладневните часови…посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино…трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч…ноќна пловидба.
6 ден (25.05.2022 – понеделник) : ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч околу 8.00 часот…продолжување на патот кон Македонија и пристигнување во попладневните часови.

Цена на аранжманот : 15.440,00 ден. (249 €)

Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски превоз на горенаведената релација; посета и разглед на Неапол со стручен водич;
3 ноќевања со појадок во Рим (околина) во хотел со 3*;
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч-Бари (доплата за 1/4 кабина 10 € по лице во правец, за 1/3 кабина 15 € по лице во правец, за 1/2 кабина 20 € по лице во правец – резервација во агенцијата);
Посета на Тиволи;
Посета на Бари;
Организација, водство и реализација на аранжманот;
Трансфер на патници – без надокнада од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга;

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Факултативните излети и посети;
Влезниците при посета на културноисториските споменици;
Патничкото осигурување – без франшиза 200,00 ден. по лице;

Цени по лице за факултативата:
разгледот на Рим (трансфер+стручен водич+метро карти) – 30 €;
Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела 45 € (трансфер+влезница+ стручен водич+ слушалки+метро карти);
Влезница за Вила Дел Есте (Тиволи) 10 €

Потребни документи (кои моментално се бараат) за влез во Италија:
– Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Италија ИЛИ
– Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Италија ИЛИ
– EU Сертификат (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина, не постар од 270 дена од денот на влез во Р.Италија и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson) ИЛИ
– EU Сертификат за примена трета (booster) доза ИЛИ
– EU Сертификат за прележан COVID 19, не постар од 180 дена од денот на влез во Р.Италија

Неапол
Овој трет по величина град во Италија е еден од најважните центри на јужна Италија.
Од туристичка страна претставува вистински деликатес за секој патник…покрај старото градско јадро
каде се чува срцето на градот, самиот Неапол чува уште нешто : Везув и Помпеа, тајната на познатата
Италијанска пица и матните води на Италијанскиот мафијашки клан Камора. Затоа, Неапол е верен
репрезент на Италијанската култура и историја…

Рим
Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи
уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и
неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници,
во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ