Програма
1 ден (29.12.2022 – четврток) : БИТОЛА |
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 13.30 часот. Поаѓање за Драч во 14.00 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч во вечерните часови – трансфер на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот…ноќна пловидба. |
2 ден (30.12.2022 – петок) : БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ |
Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање. |
3. ден (31.12.2022 – сабота) : РИМ – ВАТИКАН |
Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан со стручен водич…запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур… Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет…прошетката продолжува низ Рим…посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona…слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)…прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 17.00 часот. Враќање во хотелот. Вечерта – ДОЧЕК на НОВАТА 2023!!! Ноќевање. |
4. ден (01.01.2023 – недела) : РИМ |
Појадок. Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив…факултативен разглед на градот со стручен водич…црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altare de la Patria – Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fontana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел…Ноќевање |
5 ден (02.01.2023 – понеделник) : РИМ – ТИВОЛИ – БАРИ |
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани…патувањето продолжува кон Бари…пристигнување во Бари во попладневните часови…посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино…трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч…ноќна пловидба. |
6 ден (03.01.2023 – вторник) : ДРАЧ – БИТОЛА |
Пристигнување во Драч околу 8.00 часот…продолжување на патот кон Битола и пристигнување во попладневните часови. |
Цена на аранжманот: 18.540,00 ден. (299 €)
Услови на плаќање : Исклучиво во денарска противвредност
Начин на плаќање : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
Посета и разглед на Неапол со стручен водич;
3 ноќевања со појадок во Рим (околина) во хотел со 3*;
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари (доплата за 1/4 кабина – 10 € по лице во правец, за 1/3 кабина – 15 € по лице во правец, за 1/2 кабина – 20 € по лице во правец – резервација и уплата во агенција);
Посета на Тиволи; посета на Бари; организација, водство и реализација на аранжманот;
Трансфер на патници– БЕЗ НАДОКНАДА, од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга;
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети;
Влезниците за знаменитости, културноисториските споменици;
Патничкото осигурување;
Цени за факултативата:
Разгледот на Рим (трансфер + стручен водич + слушалки + метро карти) – 30 € по лице; – Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 55 € по лице (резервација за влез во одреден термин, без чекање во ред + трансфер + влезница + стручен водич + слушалки + метро карти – ОБАВЕЗНА РЕЗЕРВАЦИЈА и уплата во агенција!); – влезница за Villa Del Este (Тиволи) – 15 € по лице;
Неапол и Рим
Неапол
Овој трет по величина град во Италија е еден од најважните центри на јужна Италија.
Од туристичка страна претставува вистински деликатес за секој патник…покрај старото градско јадро
каде се чува срцето на градот, самиот Неапол чува уште нешто : Везув и Помпеа, тајната на познатата
Италијанска пица и матните води на Италијанскиот мафијашки клан Камора. Затоа, Неапол е верен
репрезент на Италијанската култура и историја…
Рим
Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи
уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и
неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници,
во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ