Програма
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
- Октомври (Петок) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:15 часот. Полетување за Рим во 20:50 и слетување во 22:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
- Октомври (Сабота) РИМ
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон… Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
- Октомври (Недела) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
- Октомври (Понеделник) РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до Аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 22:50 и слетување во 00:35 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра (30.950 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
Сместување во Хотел 3* во Рим на база 3 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 2.500 денари
Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg 3.500 денари
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 60 евра, Тиволи 60 евра
Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
Факултативна вечера во ресторан
Влезници во музеите и културно историските споменици
Kарти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на ТУРИСТ и СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Рим
Регионот Лацио со главниот град Рим, познат е како „срцето на Италија“. Рим „вечниот град“, “Caput Mundi”, најмоќниот град во историјата на цивилизацијата кој со векови не го губи приматот на Европски и светски центар на уметноста, културата, религијата, политиката и богатството…се наоѓа во централниот дел на Апенинскиот полуостров, на реката Тибар и се простира на познатите седум брда. Во Рим се наоѓа единствената Папска држава Ватикан, што го прави еден од најголемите светски центри за аџилак, археолошките остатоци на големиот антички Рим се секако прва и најстара причина за посета на овој град…град кој ќе Ви остане во длабоко сеќавање, град кој има единствен сплет на историјата, непроценливи
уметнички вредности, традиција, магична привлечност на славната Италијанска кујна, музика и
неодолив шарм…ова се некои од причините поради кои Рим го посетуваат милиони туристи.
Услови, напомени
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 15 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
– Aко некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
– Седиштата во автобус/авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
– Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
– Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
– Сите патници кои се државјани на Република С. Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
– Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
– Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
– Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
– Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
– Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
– Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.