Програма
22.04.2022 БИТОЛА – ШТИП – СКОПЈЕ – СОФИЈА – РИМ (петок)
Состанок на групата пред Нова Пошта – Штип и Хотел ВИП Скопје.Автобуски трансфер до аеродромот во Софија.Лет од Софија за Рим.Слетување во Рим.Организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе,плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот,Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо…Сместување во хотел.Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање.
23.04.2022 РИМ – ВАТИКАН (сабота)
Појадок. Во договореното време заминување за Ватикан со обезбеден трансфер.Средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
24.04.2022 РИМ – ТИВОЛИ (недела)
Појадок.После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период.Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО.Враќање во хотел.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
25.04.2022 РИМ – СОФИЈА – СКОПЈЕ – ШТИП – БИТОЛА
Појадок.Трансфер од хотел до аеродром.Лет за Софија.Пристигнување во Софија.Упатување кон трговскиот шопинг центар Sofia Ring Mall.Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Враќање во Македонија. Пристигнување во Скопје / Штип / Битола во попладневните часови.
Цена на аранжманот – 399 евра (24.740 ден)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз на релација Битола-Штип-Скопје-Софија-Скопје-Штип-Битола
Авионски превоз на релација Софија – Рим – Софија;
Рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 см)
Сместување во хотел 3* во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок;
Разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
Организација и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Аеродромски такси 40 евра (2.480 денари);
Туристичка такса 4 евра од ноќ по лице;
Трансфер, влез и разглед на Ватикан со локален водич;
Превоз, влез и разглед на Тиволи со локален водич;
Метро карти;
Сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
Факултативи
Трансфер, влез и разглед на Ватикан со локален водич 60 €;
Превоз, влез и разглед на Тиволи со локален водич 60 €;
Факултативна вечера во ресторан
Влезници во музеите и културно историските споменици
Kарти за локален превоз (метро)
Општи напомени
1. За реализација на аранжманот потребен е минимален број 30 платежни патници.
2. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3. Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
4. Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5. Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6. Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
8. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9. Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12. За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13. Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14. Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15. Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16. Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17. Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19. Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
21. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22. Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23. Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
24. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25. Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
26. Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
30. Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената