Програма
САНДАНСКИ 05 – 07.02.2023
Цена за 2 ноќевња со појадок по лице
05 – 07.02.2023 | ||||
хотел | во двокреветна | во еднокреветна | ||
стандард | класик | стандард | класик | |
Спартак 3* (екс Св.Никола) | 104 € | 120 € | 124 € | 144 € |
стандард | супериор | стандард | супериор | |
Интерхотел 4* | 148 € | 168 € | 202 € | / |
Цените се во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Доплата за 2 ноќи за 1 дете до 11,99 г
Спартак 30 €
Интерхотел 36 €
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Сместување во хотел по избор
2 ноќевања со појадок
Превоз со мини бус / автобус
Користење: внатрешен базен со минерална вода, сауна, парна бања, римска бања,
Безжичен интернет,
Туристичка такса,
Организација, реализација
Туристички придружник
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување – задолжително е да си има
Факултативно вечера
Индивидуални трошоци
За користење аранжман без организиран превоз – 20€
ПРОГРАМА
1 ден 05.02.2023 Битола-Прилеп-Кавадарци-Неготино-Струмица-Сандански
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала во 06;00 часот, поаѓање за Бугарија во 06;30 часот. Патување преку граничниот премин Ново Село кај Струмица со кратки попатни пауза за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Сандански во пладневните часови и сместување во избраниот хотел.
Сместување во собите по 14;00 часот
Слободно време за одмор и индивидуални активности со можност за користење на услугите во хотелот СПА центар. Слободно време. Ноќевање.
2 ден 06.02.2023 Сандански
Појадок. Слободно време за одмор и користење на СПА содржините на хотелот или индивидуални прошетки, шопинг. Ноќевање.
Во договор со водичот можност за факулативна организирана вечера во ресторан.
3 ден 07.02.2023 Сандански-Струмица-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола
Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило.
Заминување за Македонија во попладневните часови, пристигнување во вечерните часови.
Важно !
За реализација на аранжманот потребен е минимален број
18 лица за превоз со мини бус,
40 платежни лица со автобус.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници за организриран превоз да го откаже патувањето и да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во мини бусот/автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Информации, услови
ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате сите ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на организаторот. (до крај) |
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa. По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува) Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број. Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности) |
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата). Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување. |
Напомени за распоред на седење во автобус: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот и до таа дата резервираните седишта) |
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот. |
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. |
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE. |
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето. Туристичката агенција НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот. Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби. |
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување |
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот. |
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности. За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. |
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата. |
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. |
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената. |
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување. |
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука ) |