TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Санторини

1 ден (19.10.’23 – четврток) : БИТОЛА 
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 16.00 часот. Поаѓање за Грција во 16.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (20.10.’23 – петок) : ПИРЕА – САНТОРИНИ 
Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор.
Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса…Во вечерните часови –прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари/Периса. Ноќевање.

3 ден (21.10.’23 – сабота) : САНТОРИНИ 
Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет…посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш…посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање…патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир…стигнуваме до градот Фира – главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови…слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири…во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)… можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари/Периса. Ноќевање.

4 ден (22.10.’23 – недела) : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (23.10.’23 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

 

Цена на аранжманот: 14.820,00 ден. (239 €)

 

Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
3 ноќевања појадок во хотел со 3* во Камари/Периса;
Трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа; трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште;
Пратител на група;
Организација – водство и реализација на аранжманот;

Трансфр на патници без надокнада од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид, Струга

Во цената НЕ Е вклучено
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување (210,00 денари по лице).

Цени по лице за факултативата :
Целодневен излет низ Санторини 40 € (автобус + водич – минимум 30 лица);
Крстарењето со брод 40 € (трансфер + брод + водич – минимум 30 лица);
Посета на винаријата 20 € (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина);

Доплати :
Доплата за еднокреветна соба : 55 € (3.410,00 ден.)
Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, со 2 возрасни лица – плаќа само превоз+брод : 130 € (8.060,00 ден.);
Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица – плаќа 80% од цената за ворасен
Туристичката такса (3 € по лице за целиот престој) се плаќа на лице место

Монденски, незаборавен, традиционален…остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика Калдера. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина Меса Воуно.Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот

За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ

 

Камари, ГРЦИЈА
четврток, октомври, 19, 2023
5 dena 3 noki
40
€239.00
€192.00

Октомври 2023

Автобус+брод
19-23 Октомври. 2023

€239.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица