TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сарајево-Мостар-Дубровник 🚌

САРАЕВО – МОСТАР – ДУБРОВНИК за 11ти Октомври

ПРВ ДЕН (07.10.2022)
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Битола е планирано во 18 часот, од Скопје е околу 20:00 часот но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН (08.10.2022)
Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Исто така ќе го посетиме и Андричград – градчето е изградено по концепт на Емир Костурица од камен и тесни улички низ кои се наоѓаат педесетина објекти кое културен центар кој се наоѓа во Вишеград на самото устие на реките Дрина и Рзав. Официјално бил отворен во 2012 година. Во договореното време групата продолжува во Сараево, сместување во хотел па разглед на градот со локален водич. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00 часот. Ноќевање.

TРЕТ ДЕН (09.10.2022)
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Тунел Спаса и Врело Босне. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. После тоа продолжуваме кон Врело Босне, извор на реката Босна во прекрасна природа. На оваа факултатива планирано е да се задржиме околу 2 и пол часа. После тоа продолжуваме према Босански Пирамиди во Високо. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Во попладневните часови се враќаме во Сараево. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (11.10.2022)
Појадок. Одјавување од хотел во 08:30 часот. Поаѓање према МОСТАР И ДУБРОВНИК. Првото место за посета е Јабланица, која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар. Со групата се упатуваме кон стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Сместување во хотел во Мостар. После сместувањето имаме организирана прошетка за сите оние кои сакаат да истражуваат нови места. Во договорено време со водичот групата се упатува кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. (патници кои не доаѓаатна факултатива остануваат во Мостар и потоа сите заедно се собираме на договорено место и продолжуваме према Дубровник). Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. Враќање во Мостар. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (12.10.2022)
Појадок. Одјавување од хотел. Заминување за ДУБРОВНИК Пристигнување во најпознатиот хрватски град заштитен од УНЕСКО кој е примамлива дестинација за сите познати личности од светот. Слободно време за разглед на Стариот град и тврдините, главната улица Страдун итн. По разгледите се продолжува за Црна Гора. Премин на Бока Которска со траект. Во вечерните часови пристигнување во Македонија.

Цена: 155 € промо цена до 20.09.2022
Редовна цена 165 €

Вo цената е вклучено:
Превоз oд: Битола (Спортска сала), Прилеп (Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес (Макпетрол), Скопје (Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
2 ноќевања со појадок во хотел со 4* во САРАЕВО
1 ноќевање со појадок во Мостар хотел 4*
Разглед на Сараево со локален водич
Туристички придружник за време на патувањето
Посета на Вишеград, Андричград, Мостар и Дубровник
Вклучен траект на заливот Бока Которска

Во цената не е вклучено:
Посета на Врело Буне 15 €
Посета на Босанските пирамиди (Равно и Музеј) + Тунел Спаса + Врело Босне 35 €
Крстарење по Дрина 5 € од лице
Туристичка такса 3 € од лице за три ноќевања

Напомена !
Факултативите и туристичка такса се плаќа во автобусот

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот

За деца со полни 12 години се плаќа целосна сума

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош, да не биде 6 месеци пред истек.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 10 € за два правци и право на избор на седиште.

Сараево, БИХ
петок, октомври, 7, 2022
5 dena 2 noki
40
€165.00

11ти ОКТОМВРИ 22

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
07.10-12.10.2022

€165.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица