TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сараево-Мостар-Требиње 🚌

 

Сараево – Мостар – Требиње

1 ден 07.12.2022  БИТОЛА
Состанок на групата во 18:45 часот. Поаѓање за  Босна и Херцеговина во 19:00 часот.
Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…
Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден 08.12.2022  ВИШЕГРАД – САРАЕВО
Пристигнување во Вишеград во  раните утрински часови. Можност за Крстарење по Дрина.
Крстарењето започнува од Мостот на Дрина и завршува на Камен Град. Пауза за кафе и разглед на  Камен Град – изграден од Емил Костурица. Потоа заминување за Сараево. Пристигнување во Сараево во пладневните часови…
Панорамски разглед на градот со  стручен водич и пешачка тура – Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на  реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта… Слободно време за шопинг низ Баш Чаршија. Сместување  во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија или посета на ресторан со музика. Ноќевање.

3 ден 09.12.2022  САРАЕВО – ВИСОКО
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на Босанските Пирамиди. Малото  гратче Високо ја крие мистеријата на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на  Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина  од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата  пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида. Повеќе од 10  години Босанските Пирамиди ги посетија милиони туристи. Ова е вашата шанса да ги  посетите и да ја почувствувате енергијата на најстарите пирамиди во светот.
Денес  редовен посетител е Новак Ѓоковиќ. Потоа заминување за Сараево и посета  на Тунелот на Спасот. Враќање во хотелот. Слободно време или факултативна посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.

4 ден 10.12.2022  КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – БЛАГАЈ – МОСТАР
Појадок. По  појадокот заминување за Јабланица. Посета на Мостот на Неретва и Музејот на  ранетите во Јабланица. Потоа заминување за Титовиот Бункер. Титовиот бункер –  познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити  југословенскиот претседател, како и 300 негови најблиски соработници од евентуален  нуклеарен напад… АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни  објекти направени во бившата држава…Патувањето продолжува за Мостар со осета на изворот на реката Буна и Дервиш текето. – најважниот град во Херцеговина…  Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

5 ден 11.12.2022  МОСТАР – КРАВИЦА – ТРЕБИЊЕ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Разглед на старата Катедрала во Мостар, Камениот Мост, старата чаршија,  Камениот мост (16 век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија,  Караѓоз-беговата џамија. Потоа Заминување за Кравца и посета на водопадите. По  посетата на водопадите заминување за Требиње – градот на сонцето… слободно  време за индивидуален разглед на градот… Поаѓање за Македонија во пладневните  часови.

 

Цена на аранжманот за уплата до 15.11.2022 = 155 €
Редовна цена = 189 €

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Автобуски превоз на горенаведената релација,
Панорамски разглед и пешачка тура во Сараево и Мостар со локален водич
Организација и водство на групата со лиценциран водич
Разглед на Сараево со стручен водич,
2 ноќевања со појадок (шведска маса) во Сараево хотел со 3 или  4** и 1 ноќевање со појадок во Мостар
Организирани ТРАНСФЕРИ-без надомест од Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово,
Организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативните, влезниците при посета на културно-историските  споменици…
Посета на „Тунел Спаса“ и Босанските Пирамини 30 евра
Влезници и водичи за посета на Титовиот Бункер, Водопадите Кравица, Благај Текке,
Врело Босне 30 евра
Крстарење по Дрина 5 евра
Туристичка такса 3 евра по патник за цел престој!
Патничкото осигурување (160,00 ден. по лице),
Вечера во национален ресторан

Пакет факултативи : 60 евра

Деца до 12 години со 2 возрасни во соба имаат попуст од 30% и на аранжманот и на факултативите
Доплата за еднокреветна соба е 25 евра!

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНА :
За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи, во време на пандемија

Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локални предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување