TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сараево

Сараево, БИХ
петок, март, 6, 2020
5 dena 2 noki
40
€108.00

8ми МАРТ

АВТОБУС
06-10.03.2020

€108.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица

САРАЕВО – 8ми.МАРТ. PDF

1 ден  06.03.2020                             МАКЕДОНИЈА
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во Битола во 18.30 часот. Поаѓање за БИХ во 19.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2
ден  07.03.2020                             САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во попладневните часови, со попатна посета на Мокра Гора и „Дрвен Град“ на Емир Кустурица, Шарганската железница (музеј-железница со тесен колосек), Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање.

3 ден  08.03.2020                             САРАЕВО
Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, Врело Босне, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот… Вечерта – факултативна посета на Национален Ресторан со комплетно мени и програма или свечена вечера во самиот хотел со мени и програма. Ноќевање.

4 ден  09.03.2020                             САРАЕВО – МОСТАР – ДУБРОВНИК 
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување за Дубровник, со попатна посета на Мостар…прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва…Пристигнување во Дубровник во попладневните часови…факултативен разглед и прошетка со стручен водич…Стариот град, Страдун, фонтаната Онофрио, Катедралата, тврдините, бистата на Св.Дуе, Фрањевачкиот манастир…слободно време за индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Македонија во вечерните часови, патот води преку Црна Гора, Албанија…

5 ден  10.03.2020                             БИТОЛА
Пристигнување во Битола во утринските часови.


Цена за сместување во:
Хотел HOLYWOOD **** 108€ (6.670,00 ден.); за уплата со 15.01.2020 =  97€ (5.990,00 денари)
Хотел BOSNA 1***  93€ (5.750.00 ден.); за уплата со 15.01.2020 = 84 € (5.170,00 денари)


Во цената Е вклучено : 

Автобуски превоз на горенаведената релација,
Разглед на Сараево со стручен водич,
2 ноќевања со појадок во избран хотел
Посета на Мокра Гора,
Посета на Вишеград,
Посета на Дубровник,
Организација, водство и реализација на аранжманот.

Трансфер без надокнада за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово.
За патниците од Струга, Охрид и Кичево – доплата за трансфер од 5 € по лице во двата правци,

Во цената НЕ Е вклучено : 
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици.                           

Последен рок за пријавување: 25.02.2020 !

Цени за факултативата:
Вечера во Национален Ресторан 20 € по лице,
Факултативниот разглед на Дубровник со стручен водич 10€ по лице (задолжителна доплата)!

Хотел Холивуд  **** (www.hotel-holywood.ba) сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, СПА центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…).
Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот.
Бесплатен бежичен интернет е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со сателитска и локална телевизија…

Хотелот БОСНА1 *** (www.hotelbosna.ba) е сместен во близина на хотелот HOLYWOOD, во населбата Илиџа. Во близина на хотелот има трамвајска и такси станица, така да гостите можат многу едноставно да стигнат до центарот на градот и неговиот стар дел…во непосредна близина се туристичките атракции, Олимписката планина Игман и Бјелашница, Врело Босне како и тунелот на спасот…во близина се и 2 шопинг центри.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист