TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сараево-Коњиц-Мостар 🚌

1 ден (04.03.’22 – петок) : БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 17.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 18.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (05.03.’22 – сабота) : САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија… Tesla Pub, Deco bar, HS pivnica Ве очекуваат…Ноќевање.

3 ден (06.03.’22 – недела) : САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР 
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва (со попатна посета на познатиот „ТУНЕЛ СПАСА“), посета на Коњиц и Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад…АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава…патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина…посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија…слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот…поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица – можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва…враќање во хотел во касните попладневни часови. Вечерта – свечена вечера (шведска маса) и музика во самиот хотел (факултативно). Ноќевање.

4 ден (07.03.’22 – понеделник) : САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МЕЧАВНИК (ДРВЕНГРАД) – БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време за шопинг во центарот (посетете го BBI трговскиот центар – препорака) до 12.00 часот, кога е и предвидено поаѓање за Македонија, со попатна посета на Вишеград, посета на култниот мост овековечен во делото на Иво Андриќ „На Дрини Чуприја“…можност за крстарење по Дрина со презентација на историски факти и легенди за мостот и Вишеград. Следува премин во Р.Србија и посета на етно-селото на Емир Кустурица – „Дрвенград“…пристигнување во Македонија во раните утрински часови – наредниот ден.

 

За целосна уплата до (за целосна уплата до 20.02.2022 цена 5.520,00 ден. (89 €)
Редовна цена по 20.02.2022      6.760,00 ден. (109 €) – редовна цена


Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Сараево со стручен водич,
2 ноќевања со појадок (шведска маса) во Сараево хотел со 4*,
Посета на Мокра Гора (Дрвенград),
Посета на Вишеград,
Организирани трансфери – без надокнада од Прилеп, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици…
Посета на “Тунел Спаса“ + полудневен излет по долината на реката Неретва (Коњиц – Мостар – Јабланица) 3-от ден  45€ по лице (трансфер+влезница за бункерот) + влезница за локалитетот “Врело Босне“,
Трансфери од Струга, Охрид, Кичево + 10€ по лице,
Патничкото осигурување (160,00 ден. по лице),
Свечена Вечера во хотел HOLYWOOD  10€ по лице,
Влезница за Дрвенград 2€ по лице.

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ :
За време на граѓанска војна во БиХ, Сараево беше опседнато од агресорските сили вкупно 44 месеци (околу 1320 денови), почнувајќи од 5.Април 1992 година, па се до 29.Февруари 1996 година. Главниот град беше во потполна комуникациска, војна и економска блокада, па поради тоа се појави потреба за изнајдување на алтернативни решенија за дотур на храна и други потрепштини – потребни за каков-таков живот на граѓаните на Сараево. Едно од тие алтернативни решенија беше и прокопувањето на овој тунел, кој не може баш и да се каже дека е прав тунел, со оглед на неговите димензии (должина – 800 м.; висина – 1,6 м. и ширина 1 м.), меѓутоа со текот на времето, се покажа дека покрај аеродромот на кој беше дозволено да слетуваат само хуманитарните авиони од целиот свет, овој тунел беше единствената врска на Сараево со внатрешноста на БиХ….Вкупно се ископани околу 2.800 м3 (кубни метри) земја. Инсталирани се околу 170 м3 дрва и околу 45 тони метал. Целиот инсталиран материјал беше транспортиран рачно од магацинот до местото за инсталација, на просечно растојание од 500 метри. Ископаниот материјал бил пренесен со колички на просечно транспортно растојание од 200 метри. Вкупната количина на вакви транспортирани материјали беше приближно 3.500 тони. За целата работа, од почетокот на изградбата до пробивот на тунелот, беа потрошени околу 56.000 часа ефективна работа на сите учесници во изградбата. За потребите на армијата, во градот биле внесени 36.705 кг медицински материјали, 549.326 кг воена опрема и 3.930.428 кг разни материјално-технички средства.

АТОМСКИОТ БУНКЕР на ТИТО во КОЊИЦ
Атомската Војна Команда, позната и како АВК или бункер на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар лоциран во близина на градот Коњиц во Босна и Херцеговина. Наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 членови на неговиот потесен круг во случај на нуклеарен конфликт. Структурата се состои од станбени области, конференциски сали, канцеларии и други области. Бункерот остана државна тајна сè до распадот на Југославија во 90-тите години на минатиот век. Изградена меѓу 1953 и 1979 година во рид во подножјето на планината Златар, АВК е најголемото атомско засолниште и еден од најголемите подземни објекти некогаш изградени во поранешна Југославија. Повеќе од десет години по нејзиното завршување, таа беше најтајната воена инсталација во земјата. Сите градежни работници беа внимателно избрани и проверени, потпишаа договор за молчење, а сите членови на персоналот поминаа највисока безбедносна проверка. Во 1979 година, работата беше завршена по 26 години и беа потрошени 4,6 милијарди долари за трошоци за изградба.

 

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 46 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на уплатата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист