TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

МИНИ ОДМОР во Саранда

Мини Одмор Kalemi’s Beach and Hotel 3* – Саранда, Албанија
4 дена / 3 ноќевања со појадок / автобуски превоз

1 ДЕН (25.09.202 ПЕТОК):
Поаѓање за Саранда од Битола  во 02.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Саранда во претпладневните часови, сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3*Разглед на градот и посета на Ликурешката тврдина (факултативно). Ноќевање.

2 ДЕН (26.09.202 САБОТА):
Појадок. Ден за слободни активности и одмор.  Ноќевање.

3 ДЕН (27.09.2020 НЕДЕЛА):
Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за организирана ГРЧКА ВЕЧЕРА (факултативно). Ноќевање.

4 ДЕН (28.09.2020  ПОНЕДЕЛНИК):
Појадок. По појадокот во 10ч. Заминување за КСАМИЛ ,слобoден ден за уживање во убавите плажи на прекрасното Јонско море. Попладне во 15 часот, поаѓање за изворот Blue Eye-”Сино око“.
Во 17 часот враќање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 95 евра по лице

Цените се во се плаќа во денари 1 = 62 денари

 

Во цената е вклучено :

Превоз со туристички автобус на дадената релација

Сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* во Саранда на база 3 ноќевања со појадок

Организација и пратител на патувањето

Посета на Ксамил

Посета на изворот „Сино око“

 

Во цената НЕ Е вклучено :

Организирана Грчка вечера (930 МКД)

Трансфери останати градови (620 МКД)

Посета на Лукурешката тврдина – (200 МКД)

Патничко осигурување

 

Еднокреветна соба 7.650 МКД.

Деца 2 -12 години 4.18 МКД.

Трет возрасен 4.900 MKД.

Сопствен превоз -1240 МКД од цената

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот. Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ. Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* – сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ,  современо купатило опремено со када или туш, крпи.  Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Хотелот е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.

Ликурешката тврдина се наоѓа токму над градот Саранда. Од таму ќе имате можност панорамски да ја видете убавината на Саранда. Оваа тврдина има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за иследување на морето. Денеска, објектот претставува туристика атракција на Албанија, и во самиот склоп на објектот се наоѓа ресторан. Оддалечено е 15мин (во правец).

Изворот-Blue eye или “Сино  око”, е длабок околу 40м. Овој природен феномен се наоѓа на западните падини на планините Мали и Гјере, во близина на патот до градот Саранда. Иако пливањето и нуркањето во Синото око е дозволено, поради водата чија што просечна температура изнесува 10 степени целзиусови, во изворот пливаат само оние најхрабрите. Според објавите на туристичките портали на Албанија, туристите тука доаѓаат за да фрлаат камења во центарот на Синото око, а по одредено време, каменот повторно го гледаат на површината од водата. Едноставно, станува збор за навистина магично место!

ИНФОРМАЦИИ

АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
Протокол за патување :
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација

 

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници. Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. За отказ на резервација важат општите услови за патување односно:
-за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.

-за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
-за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
-за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува со валидна лична карта на македонски граѓанин. Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист