За уплати до 26.08.2023 = 27.220,00 денари (439 €)
Програма
1 ден (четврток – 28.09.’23) : БИТОЛА – ДРАЧ
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 13.30 часот…поаѓање за Албанија во 14.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување во Драч околу 19.30 часот. По краткиот одмор и чекирањето на билетите – трансфер на фери брод околу 21.00 часот. Испловување за Италија во 23.00 часот. Ноќевање.
2 ден (петок – 29.09.’23) : БАРИ – МЕСИНА – САН АЛЕСИО
Пристигнување во Бари околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Вила Сан Џовани – Реџо Калабрија од каде со траект преминуваме на Сицилија…пристигнување во Месина во попладневните часови…се упатуваме на југ – до познатото туристичко место Сан Алесио Сикуло, каде се сместуваме во хотел…Ноќевање.
3 – 8 ден (СИЦИЛИЈА) :
Уживајте овие денови во кристално чистите води на Јонското море, Сицилијанската гостопримливост, неверојатно вкусната кујна, запознајте се и воодушевувајте се на културно-историското наследство на MAGNA GRECIA!!! Туристичката агенција ПАЛАС припреми богата факултативна програма која не смеете да ја пропуштите…
9 ден (петок – 06.10.’23) САН АЛЕСИО – МЕСИНА – Вила САН ЏОВАНИ – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари…патот води преку Месина, вила Сан Џовани, Таранто…пристигнување во Бари во касните попладневни часови, со кратки попатни паузи. Трансфер на траект. Испловување за Албанија во 23.00 часот. Ноќевање.
10 ден (сабота – 07.10.’23) ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Македонија…пристигнување во Битола во пладневните часови.
Цена на аранжманот : 30.320,00 денари (489 €)
27.220,00 денари (439 €) – FIRST MINUTE ЦЕНА (за уплати до 26.08.2023) !
Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски превоз на горенаведената релација;
Бродски превоз Драч – Бари – Драч (билет за “deck” – седишта);
7 ноќевања појадок во хотел со 3* во близина на Таормина (Сан Алесио Сикуло);
Организација, водство и реализација на аранжманот;
Трансфер на патници, без надокнада, од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци и Прилеп;
Доплати по лице во еден правец на фери бродот:
За двокреветна кабина 20 €
За трикреветна кабина 15 €
За четирикреветна кабина 10 €
За еднокреветна кабина : 125 €
Цената на аранжманот не вклучува:
Факултативните излети и посети;
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА – 300,00 ден. по лице;
Важно :
Потребен број платежни патници за изведување на факултативата е 25.
Последен рок за пријавување: 18.09.2023 !!!
Факултативи
МОНРЕАЛЕ – ПАЛЕРМО
Факултативен излет за главниот град на овој прекрасен остров – Палермо…Откријте ги историските споменици на Палермо и научете ја фасцинантната историја на градот, од неговото раѓање под Феникијците преку Римската Република и Византиската империја до денес, со претходна посета на малото место Монреале и велелепната катедрала…Monreale потекнува од латинскиот Mons regalis што значи планина достојна за кралот. Првично беше арапска селска куќа, но доби историско значење дури во 1174 година кога Вилијам II ја изгради познатата катедрала и блискиот Бенедектински манастир. Наскоро таа стана една од најголемите и богати архиепископии на цела Сицилија, а внатре во тоа време имаше различни видови религиозни редови. Во 1700 година, надбискупот Теста ја изградил улицата за спојување на Монреале до блискиот Палермо. Катедралата во Монреале е важна по своите прекрасни внатрешни мозаици меѓу нив е и ликот на Христос Пантократор (Семоќниот Христос) кој се истакнува по својата величественост во наосот. Претставува вредна мешавина на исламска, византиска и романескна архитектура. Споен со него има прекрасно Чиостро (манастир). Тука се и Palazzo Vescoville (Архиепископскаta палата) и црквата на планината. Изградбата на ова ремек-дело на норманската уметност на Сицилија започнала во времето на Вилијам II во 1174 година и била завршена неколку години подоцна; затоа катедралата има стилска кохерентност која ретко се среќава во други антички градби. Однадвор, можете да се восхитувате на прекрасните врати, елегантниот трем од XVI век на Гагини и богато украсената апсида, покриена со испреплетени сводови и полихромна лава и варовнички влошки. Во внатрешноста, ќе го видите неговиот неверојатен сет на мозаици на златна позадина. Мозаиците, кулминација на големата слика на Христос Пантократор, се создадени помеѓу XII и XIII век и претставуваат приказни од Стариот и Новиот завет. Тоа е најголемиот целосен циклус на византиската традиција. Бенедиктинскиот манастир (XI век) е апсолутно неверојатен…внатре, не можете да ја пропуштите ориенталната фонтана, опкружена со четиристрана колонада. Додека сте во Монреале, исто така предлагаме да ги посетите остатоците од Норманската кралска палата, семинарот, Chiesa del Monte, украсени со штука од Serpotta, црквата Collegio di Maria (XVII век), црквата Collegiata (XVII и XVIII век) приватни згради и погледот кој го одзема здивот, со поглед на Conca d’Oro (златниот залив). Продолжуваме за Палермо…талкајте по кривулестите улици на Политеама за да ги видите легендарните градби како што се Teatro Politeama и Teatro Massimo, една од најголемите театарски и оперски куќи во Европа. Дознајте за арапско-норманската ера и религиозните обреди на места како што е Capela Palatina (Палатинска капела) од 12.век во Palazzo Reale, воодушевувајте се на прекрасната фасада на катедралата во Палермо, која се карактеризира со различни архитектонски стилови, од готската до раната ренесанса и барокот. Дознајте повеќе за скриените богатства на историскиот центар и слушнете неверојатни приказни кои ве водат на патување низ времето…посета на Porta Felice (XVI век), Fontana Pretoria (XVI век), Quatro Canti (XVI век), piazza Belinni, црквата Santa Maria – Мраморна (XII век), Teatro Massimo (XIX век), Palazzo dei Normanni, Catedrale di Palermo…слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во хотел во раните вечерни часови.
ЦЕНА по ЛИЦЕ : 40 € (влезница за Монреале – на лице место)
НОТО – СИРАКУЗА
Овој факултативен полудневен излет ќе Ве воодушеви…НОТО – гратче кое го дава името на на целата област “Долината на Ното“, заштитена од UNESCO, позната по типичниот Сицилијански барок. Градот е наречен уште и “Камена Градина“, израден по земјотресот од 1693.година, познат е по сценските скали и плоштади кои претставуваат тераси на различни нивоа пред многубројните цркви и палати изработени од локален камен со златна боја…градот низ Кралската порта не пренесува во минатото на барокот…прошетка покрај црквата San Francesco и Бенедиктинскиот манастир на плоштадот на Безгрешна Богородица, а преку главната улива Vittorio Emanuelle стигнуваме црквата Св.Спас и плоштадот помеѓу палатата Duccecio и катедралата San Nicola…продолжуваме кон палатата Nicolaci за да се восхитуваме на познатите барокни балкони, за на крај да завршиме со третиот плоштад 26.Мај со фонтаната на Херкулес и градините на црквата Sanто Domеnicо и театарот на Ното…авантурата продолжува кон родното место на Архимед – СИРАКУЗА – еден од најважните градови на Античките Грци…прошетка низ историскиот дел на градот – островчето Ortigia…слатководниот извор на нимфата Arethusa, Градската Палата, храмот на Аполон, катедралата DUOMO (посветен на раѓањето на Света Марија) – изграден врз темелите на храмот кој во Античко време бил посветен на богињата Атина…слободно време за индивидуален разглед на стариот град…враќање во хотел во касните поладневни часови.
ЦЕНА по ЛИЦЕ : 35 €
КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА
Откријте ја природната убавина на Катанија на оваа пешачка тура…обиколка на замокот Ursino, прошетка по плоштадите, откривајки ги познатите места…Прошетајте низ центарот на градот со вашиот локален водич кој ќе ве фасцинира со историјата на истиот. Погледнете ги спомениците изградени пред неколку векови кои стојат до ден-денес. Многу од структурите на кои ќе бидете сведоци датираат од грчката колонизација на градот во 8 век п.н.е. Уживајте во оваа тура и видете ги следните знаменитости : плоштадот Duomo, црквата Santa Agata, Pecheria, Castello Ursino, плоштадот San Francesko, Театaрот Greco, плоштадот Dante, Via Gesuiti, scalinata Alesi, плоштадот Universita, плоштадот Vincenco Bellini, плоштадот San Placido…слободно време за индивидуален разглед на градот…продолжуваме кон единствениот жив вулкан во Европа – Етна (3.580 м.)…восхитувајте се на убавината и чудото на највисокиот активен вулкан во Европа, на 1980 м.н.в. На крајот од овој излет – се упатуваме кон бајковитиот, монденски, неверојатно романтичен град – ТАОРМИНА, град кој е неизбежен на картата на светскиот џет-сет при нивната посета на Сицилија…прошетка низ главната улица, ограничена со Porta Messina на исток и Porta Catania на запад, воодушевувајќи се на црквата San Giuseppe, Villa Communale, катедралата San Nicola, palazzo Corvaia, мноштвото бутици и продавници со „фирмирана“ роба, кафе-баровите и рестораните – надвиснати над камените тераси со неверојатен поглед кон Јонското море…враќање во хотел во вечерните часови.
ЦЕНА по ЛИЦЕ : 35 €
Сицилија
Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море и еден од 20-те региони на Италија. Тој е еден од петте италијански автономни региони и официјално се нарекува Регион Сицилијана и нејзин главен град е Палермо. Сицилија е во центарот на Средоземно Море, јужно од италијанскиот полуостров во континентална Европа, од кој е одвоена со тесниот теснец Месина. Нејзиното најистакнато обележје е Етна, еден од највисоките активни вулкани во Европа и светот, моментално висок 3.357 m. Островот има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто…
Од 1860 година, Сицилија е официјален дел од Италија. Прво, островот беше споен со Кралството Сардинија, а подоцна Кралството Сардинија се спои со Кралството Италија. Од 1946 година, Сицилија е автономен остров во рамките на Италија.
Земја на митови и легенди, чудовишта и богови… Земја на раскошно културно наследство и природни богатства…На листата на желбите на сите освојувачи… Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна… Легендата вели дека кога Господ го создавал светот, шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата… токму на тоа место денес е Сицилија! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, приказните за мафијата ниту шармантните Сицилијанци на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на се` што сте читале за Сицилија, кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… Најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!
После неа, ништо нема да биде исто…
Услови
ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ (до крај) |
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa. По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува) Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број. Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности) |
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд Минималниот број на патници за реализација на факултативите е ..(во зависност од факултативата) Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување. |
Напомени за распоред на седење во автобус: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот и до таа дата резервираните седишта) |
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот. |
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. |
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE. |
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето. Туристичката агенција НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот. Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби. |
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување |
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот. |
Должината на слободното време за индивидуални активности зависи од објективните околности. За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. |
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата. |
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. |
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената. |
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување. |
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука ) |