TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Сицилија ✈️

 

1 ден (сабота – 22.10.’22) : БИТОЛА – ТИРАНА 
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 04.30 часот…поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 05.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување на аеродром Тирана околу 10.30 часот. Лет за Катаниа со WIZZ Air во 13.00 часот. Пристигнување во Катанија во 14.40 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

2 ден (недела – 23.10.’22) : САН АЛЕСИО – ПАЛЕРМО
Појадок. По појадокот – факултативен излет за главниот град на овој прекрасен остров – Палермо…Откријте ги историските споменици на Палермо и научете ја фасцинантната историја на градот, од неговото раѓање под Феникијците преку Римската Република и Византиската империја до денес…Талкајте по кривулестите улици на Политеама за да ги видите легендарните градби како што се Teatro Politeama и Teatro Massimo, една од најголемите оперски куќи во Европа. Дознајте за арапско-норманската ера и религиозните обреди на места како што е Capela Palatina (Палатинска капела) од 12.век во Palazzo Reale, воодушевувајте се на прекрасната фасада на катедралата во Палермо, која се карактеризира со различни архитектонски стилови, од готската до раната ренесанса и барокот. Дознајте повеќе за скриените богатства на историскиот центар и слушнете неверојатни приказни кои ве водат на патување низ времето…посета на Porta Felice (XVI век), Fontana Pretoria (XVI век), Quatro Canti (XVI век), piazza Belinni, црквата Santa Maria – Мраморна (XII век), Teatro Massimo (XIX век), Palazzo  dei Normanni, Catedrale di Palermo…слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во хотел во раните вечерни часови. Ноќевање.

3 ден (понеделник – 24.10.’22) : САН АЛЕСИО – СИРАКУЗА – ТАОРМИНА
Појадок. По појадокот – заминување (факултативно) за Сиракуза – еден од најважните градови на Античките Грци…посета на Амфитеатарот (V век п.н.е.), природниот феномен Увото на Дионис, Изворот Arethusa, Piazza Duomo, фонтаната Diana, Градската Палата…слободно време за индивидуален разглед на стариот град, сместен на малиот остров Ortigia…поаѓање за Таормина, едно од најпознатите туристички места на Сицилија и Италија…порта Месина, Порта Катанија, старите зидини кои се од 15. век, изградени од Арагонците… Место привлечно за познати личности, глумци како Клерк Гејбл, Ингрид Бергман и др. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден (вторник – 25.10.’22) : САН АЛЕСИО – КАТАНИЈА – ЕТНА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Катанија…погледнете ја другата страна на Сицилија додека ја откривате природната убавина на Катанија на оваа пешачка тура…обиколка на замокот Урсино, прошетка по плоштадите, откривајки ги познатите места…Прошетајте низ центарот на градот со вашиот локален водич кој ќе ве фасцинира со историјата на истиот. Погледнете ги спомениците изградени пред неколку векови кои стојат до ден-денес. Многу од структурите на кои ќе бидете сведоци датираат од грчката колонизација на градот во 8 век п.н.е. Уживајте во оваа тура и видете ги следните знаменитости : плоштадот Duomo, Pecheria, Castello Ursino, плоштадот San Francesko, Театaрот Greco, плоштадот Dante, Via Gesuiti, scalinata Alesi, плоштадот Universita, плоштадот Vincenco Bellini, плоштадот San Placido…факултативна посета на Етна – единствениот жив вулкан во Европа…восхитувајте се на убавината и чудото на највисокиот активен вулкан во Европа, на 1980 м.н.в. Враќање во Катанија. Слободно време до времето за поаѓање на аеродром. Трансфер до аеродромот во 19.00 часот. Лет за Тирана во 22.00 часот. Пристигнување во Тирана во 23.15 часот…патувањето продолжува кон Македонија…пристигнување во Битола во раните утрински часови, наредниот ден.

 

Цена на аранжманот: 429 еур / 26.600 денари /

                                                                                                                                                                       

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола-Тирана (аеродром)-Битола;
Авиобилет на релација Тирана-Катанија-Тирана (WIZZ AIR);
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 42х32х25 см.);
Трансфер Катанија (аеродром) – хотел – Катанија (аеродром);
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* (Сан Алесио или Џардини Наксос);
Посета на Таормина;
Посета на Катанија
Организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување

Цени по лице за факултативата :
Факултативната посета на Палермо (трансфер + локален водич)  60 €;
Факултатвната посета на Сиракуза (трансфер + локален водич)  40 €;
Факултатвната посета на вулканот Етна 25 €;
Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција, со самата резервација;

Земја на митови и легенди, чудовишта и богови… Земја на раскошно културно наследство и природни богатства…На листата на желбите на сите освојувачи… Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна… Легендата вели дека кога Господ го создавал светот, шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата… токму на тоа место денес е Сицилија! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, приказните за мафијата ниту шармантните Сицилијанци на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на се` што сте читале за Сицилија, кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… Најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!
После неа, ништо нема да биде исто…

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот

За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ