TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Софија 🚌

 

30.12.2022          ШТИП / СКОПЈЕ – СОФИЈА
Поаѓање од Штип/Скопје во договореното време. После граничните формалности упатување кон Софија. Пристигнување во Софија и панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, Стоковната куќа Цум, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата… Сместување во хотел. Ноќевање.

31.12.2022          СОФИЈА
Појадок.Можност за посета на некои шопинг центри: Сердика ”The Mall” или прошетка низ центарот на Софија и по улицата Витоша со голем избор на бутици, кафулиња.Враќање во хотел и подготовка за Дочек на НОВАТА 2023 ГОДИНА на некој од плоштадите во Софија. Ноќевање.

01.01.2023          СОФИЈА – СКОПЈЕ / ШТИП
Појадок.Напуштање на хотелот и организирана посета за шопинг во најголемиот мол во Софија – PARADISE CENTER (со површина од 80,000 m2). Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје/Штип во вечерните часови.

Цена за уплати до 20 Ноември: 95 € / 5.900 ден
Редовна цена:
 111 € / 6.900 ден

Во цената Е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел
Придружник и организација на патувањето.

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Tуристичка такса (2€ по лице од ден)
Индивидуални трошоци

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд..
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист