TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Терме Церкно 🚌

Божиќен Ski Opening во Терме Церкно-Словенија 22/12-26/12/2022

 

22.12.2022 (Четврток) Македонија-Словенија
Состанок на групата на Спортска сала Битола во 16,30 часот. Поаѓање во 17:00 часот со попатно застанување во Скопје. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор.

23.12.2022 (Петок) Церкно- Скијање – Словенија
Пристигнување во Церкно во утринските часови. Појадок. Доколку постои можност сместување во хотелот ќе се сместиме во собите,  или пак симнување на багажот и опремата за скијање, и заминување на скијалиштата. За оние кои нема да скијаат на располагање им се сите содржини од хотелот (базен, сауна, џакузи) – ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА. Враќање во хотелот и можност за одмор и користење на хотелските содржини. Вечера. Ноќевање 1

24.12.2022 (Сабота) Церкно- Скијање- Љубљана
Појадок. Слободен ден за скијање, прошетка, користење на хотелскиот спа и велнес центар. Враќање во хотелот. Вечера. Организирана ноќна екскурзија до Љубљана со можност за запознавање со градот во вечерно светло и божиќна магија. Враќање во хотелот. Ноќевање 2

25.12.2022 (Недела ) Церкно – Скијање – Македонија
Појадок. Слободен ден за скијање, прошетка, користење на хотелскиот спа и велнес центар. Попладнето заминување за Македонија.

26.12.2022 (Понеделник ) Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 339 € /21.018,00/по лице
Цена за рана уплата до 15/11/2022  -10 % попус
Деца до 6 години 59 €;   деца 6-14 години 279 €
Сопствeн превоз  – 50 € од цената за возрасен

 

Во цената СЕ вклучени следниве услуги:
Превоз со високо-туристички автобус
Сместување во 1/2 соби /2 полупансиони (појадок+вечера) во хотел Церкно 4*
www.hotel-cerkno.si
Ски карти за ски центарот Церкно  (3 ски дена вклучени во цената)
https://www.ski-cerkno.com
Користење термални базени и фитнес (вклучени во цената)
http://www.ski-cerkno.com/en/relaxation.html

Организиран вечерен разглед на Љубљана со локален водич
https://www.visitljubljana.com
Организација и водство на патувањето

Во цената НЕ се вклучени следниве услуги:
Туристичка такса 2,4 € /ден
Пијалоци во текот на вечерата
Патничко осигурување
Останати ненапоменати услуги
Доплата за повратен трансфер во МК: Ресен, Струга, Охрид, Тетово, Гостивар, Штип  10 €/лице

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНА :
За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи, во време на пандемија

Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локални предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување