TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Тирана-Берат-Круја 🚌

1 ден: 05.03.2022 Сабота
Поаѓање за Круја и Тирана од Битола на паркингот Спортска сала во 05.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија. Круја, родниот град на националниот херој Скендербег. Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Сместување во хотел 4*. Попладнето организирана посета на тргоцскиот центар ТЕГ.
Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање1.


2 ден: 06.03.2022 Недела
Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување за Берат. Тврдина која со векови сведочи за историјата на градот Берат со својата широка порта, кулата за 24-часовно набљудување, музејот каде што се наоѓаат икони, урнатините од џамии, цркви и многу други објекти, продолжува да го привлекува вниманието на локалните и странските туристи. Поаѓање за Македонија со попатна посета на најголемиот шопинг ценатр во Тирана – ТЕГ. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

Цена: 79 € / 4.898,00 денари
Еднокреветна соба  99 €
Деца 2 -12 години 55 €
Сопствен превоз -10 € од цената.

Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација (запазени мерки на заштита и исполнетост на автобус)
Сместување во хотел Diplomat SPA 4* (1 полупансион доруче+вечера)  https://www.diplomathotels.al/
Разглед на Тирана и вклучен шопинг http://albania.al/destinations/tirana/
Излет до градот Круја (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/kruja/
Излет до градот Берат  http://albania.al/destinations/berat/
Организација и пратител на патувањето

Во цената НЕ се пресметани следните услуги:
Трансфери останати градови (10 €)
Влезници за музеите и културно историските споменици
Патничко осигурување
Неспомeнати услуги
Личен трошок на патниците

Напомена:
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. ТУРИСТ

https://www.diplomathotels.al/
Diplomat Hotel & Spa е сместен во Тирана, на 1 км од главниот булевар и плоштадот Скендербег. Располага се со бесплатен брзжичен интернет и бесплатен паркинг, климатизирани соби и бесплатен влез до спа центарот. Со поглед кон градот или реката Лана, овие соби имаат телевизор, сеф и минибар. Приватната бања доаѓа со туш,  бањарка и папучи. Спа центарот се состои од сауна и турска бања. Различни третмани за масажа се исто така достапни на барање и со доплата. Гостите исто така можат да се релаксираат во библиотеката на хотелот. Хотелот се наоѓа блиску до  центарот на градот, кој е полн со разни ресторани, кафулиња и продавници. Автобуска станица е на растојание од 60 м.

 

 

Како град основан е во 1614 година, но регионот што денес одговара на територијата на градот бил постојано населен од бронзеното време. Тирана се наоѓа во центарот на земјата опкружена со планини и ридови, со Дајт на исток и со мала долина и пространство на северозапад, со поглед на Јадранското Море во далечината. Поради својата локација во рамнината на Тирана и близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. Таа е меѓу највлажните и најсончевите градови во Европа, со 2.544 часа сонце годишно.
Како примарен град, Тирана се смета за економски и културен центар на Албанија, поради неговата значајна локација и значење во медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието, услугите, истражувањето и здравството. Сите поголеми компании во земјата, медиумите и научните институции имаат седиште во градот.Во Тирана исто така се наоѓаат седиштата на Владата на Албанија, резиденцијата на претседателот и премиерот на Албанија

Предлог ресторани за ручек: Mullichiu, Italian Restaurant Vita99, A la sante, Oda – Traditional Albanian Cuisine, Salt Tirana , II Piano , Otium.

Предлог места за тие кои сакате да го искусат ноќниот живот :
Hemingway Bar, Charl’ Bistro , Checkpoint Charlie Pub, Radio Bar, Shamrock Irish Pub, Whisky Bar Tirana , Amsterdam, Venue Dance Club, Lollipop Club..

– Официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )
– Во Република Албанија може да се патува со пасош и со македонска лична карта

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 15 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Во Р. Албанија може да се патува и со македонска лична карта.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист