TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

23ти Октомври Тирана Adventure & Fun

Превземи програма подолу
Тирана 23 Октомври – Adventure & Fun

Тирана – АDVENTURE & FUN
Dajti Kompleks
– Where earth meets the sky!

3 дена / 2 ноќи со појадок / автобуски превоз

1 ден (23.10.2020) Петок: Македонија – Тирана
Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 05:00 часот наутро.
Поаѓање за Тирана во 05:15 ч од Битола, попатнo Охрид , Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, гранични формалности, попатни одмори.
Продолжуваме на патот за Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу 10:00ч / 11:00ч.
Сместување во хотел
As Tirana Hotel **** (или сличен). Краток одмор.
Нашето патување го започнуваме со разглед на градот со локален водич, (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св. Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида, Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза, Православната Катедрала).

По завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Тирана.
Препорака на ресторани и кафулиња  (подолу во описот).

2 ден (24.10.2020) Сабота: Тирана ( Dajti комплекс) – Драч
Доручек. После доручекот, (околу 10 часот) организирано поаѓање кон едно од најубавите места во Тирана, а тоа е планината Дајти, дел од истоимениот Национален Парк (Дајти), каде ќе имаме можност за повеќе активности и тоа: посета на ”Adventure Park” от , пешачка тура (hiking), возење ролери, параглајдинг,секако и неверојатни места за правење на одлични фотографии. Авантуристичкиот парк Дајти е дел од Националниот парк Дајти, оддалечен 10 минути од горната станица на жичарницата Даjтии Експрес. Авантуристичкиот парк „Дајти“ се наоѓа на неколку метри од комплексот „Дајти експрес“, опкружен со шума со различни цвеќиња и дрвја. Ова е совршено место за ден на отворено.

Во ‘Adventure паркот има активности погодни за возрасни и деца (5 години и постари). Овие активности се составени од лесни до тешки активности, со забавни предизвици за секоја возраст, секоја активност вклучува различни пречки, кои се состојат од мрежи, јажиња и „zip-lines”. За најхрабрите препорачуваме Quick Jump (скок со слободен пад) адреналински скок за крај на посетата нa Adventureпаркот.

Исто така ќе имате можност да поминеме еден прекрасен факултативен ручек во еден од најдобрите ресторани Ballkoni Dajtit , тука ќе имаме можност да ги вкусиме најдобрите специјалитети на албанската кујна. Ресторанот се наоѓа на 1000 метри надморска височина на планинскиот врв, давајќи прекрасен поглед кон градот.
За тие патници кои нема да бидат дел од факултативната посета на Комплексот Дајти, следува слободно време за индивидуални прошетки низ градот Тирана.


По завршување на посетата на Дајти комплексот се упатуваме кон хотелот, време за краток одмор. Во договорено време (околу 15:00) поаѓање за Драч (40 минути возење).
По пристигнувањето во Драч, следува разглед на градот и неговите културно – историски знаменитости: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот… Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. По разгледот, време за слободни активности. Во договорено време, поаѓање кон хотелот во Тирана, ноќевање.
Препорака на ресторани и кафулиња во Драч (подолу во описот)

3 ден (25.10.2020) недела: Тирана – Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центарот htp://www.toptani.com.al/en , следува слободно време за шопинг и индивидуални активности, освежување пред предвиденото патување за назад. Во попладневните часови (околу 16 часот), заминување за Македонија, попатни одмори, гранични формалности.
Пристигнување во Македонија околу 21:00ч / 22:00ч.

Клиенти кои имат Вредносен Ваучер од Т.А ТУРИСТ имаат можност да го искористат истиот за горенаведениот аранжман.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра по лице
Деца до 12 год. – 20 евра од цената за возрасен

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел As Tirana Hotel **** (или сличен)
– туристичка такса
– Разглед на Тирана
– Посета на шопинг центар
http://www.toptani.com.al/en
– Придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативна посета на најдобриот видиковец и ресторан Ballkoni Dajtit ,
каде се стигнува со жичара ( цените се за 20 + патници, за помалку има мала доплата)
(Патниците кои сакат да го посетат само ресторанот плаќаат карта за жичара –  7 евра)
– Факултативна посета на
Adventure Park – Dajti 
(Патниците кои ќе го посетат Adventure паркот им следува бесплатна карта за жичара плаќаат само влезница – 10 евра)
– Индивидуален трошок за ручекот
– Факултативна посетан на Драч – 10 евра
( минимум 20 патници за реализација)
Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Неспомeнати услуги
– Личен трошок на патниците
– Доплата за ТРАНСФЕР на патници од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп и Кичево – 10 евра

– официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )
– во Р.Албанија може да се патува и со македоснка лична карта
– Битола – Тирана
200 км во еден правец

Тирана – најевропскиот и најмодерниот град на Албанија

Како град основан е во 1614 година, но регионот што денес одговара на територијата на градот бил постојано населен од бронзеното време. Тирана се наоѓа во центарот на земјата опкружена со планини и ридови, со Дајт на исток и со мала долина и пространство на северозапад, со поглед на Јадранското Море во далечината. Поради својата локација во рамнината на Тирана и близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. Таа е меѓу највлажните и најсончевите градови во Европа, со 2.544 часа сонце годишно.
Како примарен град, Тирана се смета за економски и културен центар на Албанија, поради неговата значајна локација и значење во медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието, услугите, истражувањето и здравството. Сите поголеми компании во земјата, медиумите и научните институции имаат седиште во градот.Во Тирана исто така се наоѓаат седиштата на Владата на Албанија, резиденцијата на претседателот и премиерот на Албанија.

Препорака на места кои можите да ги посетите за време на индивидуалните прошетки и слободното време:

1. Плоштадот Скендербег
2. Национален историски музеј,
3. Саат кула
4. Национална галерија на уметности
5. Пирамида
5. Плоштад Мајка Тереза
6.Па
латата на претседателот, Палатата на конгресите,
7.Археолошкиот музеј и Академијата за уметности.

Предлог ресторани : Gambero Gourmet, Uka Farm, Season Restaurant, Pizzeria Pavarotti

Предлог барови : Hemingway Bar, Radio Bar, Shamrock Irish Pub, Small Tirana ..

DAJTI Комплекс

Дајти Жичарата е една од омилените атракции во Тирана, поради тоа што нуди спектакуларен поглед и прекрасно искуство на возење до планината Дајти каде што на врвот се наоѓа една од најубавите ресторани Ballkoni Dajtit ,

Жичарата се наоѓа надвор од градот оддалечена само 20 минути со автомобил или автобус од центарот на Тирана. Жичарата Дајти е најдолгата жичара на Балканот. Со овој нов додаток, Дајти Експрес има сè за совршен викенд или за еден поинаков ден во природа. Националниот парк на планината Дајти (1.611 м.н.в) е лесно достапен од градот, на само 25 км на исток. За само 15 минути ќе се најдете на врвот на планината со панорамски поглед на градот.

Денот може да започне со посета на Авнтуристичкиот парк и за неколку часа да се уматите кон ресторанот каде ќе имате можност да си дозволите многу вкусен ручек, или да се напиете кафе или чај.
Авантуристичкиот парк „Дајти“ се наоѓа на 5 минути од комплексот „Дајти експрес“ и е првиот авантуристички парк во Албанија.
Сместен во срцето на планината Дајти,Паркот преставува возбудливо искуство со разни активности и курсеви за сите возрасти.

Паркот е изграден главно на дрва “Бука” и “Јавор” кои се најбројни дрва во шумата, без да ги оштетат напротив помага во одржување на дел од шумата. Овој парк нуди еден вид на рекреација без да влијае негативно на придодата а притоа да влијае позитивно за луѓето.

Проектот „Авантуристички парк“ се состои од 7 + 2 патеки на различна висина и различни степени на тежина диференцирани според возраста и висината на учесниците.

Патеките се изградени и поврзани од едно дрво на друго дрво , така што ви дава чувство дека пешачите низ паркот од висина на дрво. Секако висината на патеките е одредена според возраста на учесниците.

Пристапот до патеките е дозволен само со специјална опрема за безбедност, обезбедена од техничкиот персонал на паркот.

Користените материјали и опрема се сертифицирани со CE и одредени според европските правила и норми UNI EN 15567-1-2 и се проверувани и тестирани секој ден од техничкиот персонал.

Сите патеки се идентификуваат со соодветни ознаки, боја и степен на тежина.

Активностите за ДЕЦА се наменети за возраст од 4 до 7 години, на висина од 100 до 130 см и тежина од 20 до 50 кг.

Активностите за Поголеми ДЕЦА се наменети за возраст од 8 години или висина 130 см и тежина помеѓу 40 и 120 кг.

На патеките за „Поголеми ДЕЦА“,на возраст од 8-9 години ќе бидат придружувани од возрасно лице или инструктор.

Авантуристичкиот парк Дајти привлекува не само авантуристи, туку и семејства, бидејќи паркот овозможува забава за деца и возрасни.

Активностите како што се патеките на висина на дрво и спуштање со јажиња низ дрва се сметаат како универзални активности во кој можат да уживаат сите возрасти.

Драч

Драч или на албански
Durrës, е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 35 платежни патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 патници.

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).

Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.

Можност за патување со валидна македонска лична карта.

Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
-за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
-за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
-за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
-за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата.


Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.