Програма
- Ноември (Петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:45 часот. Полетување за Болоња во 19:20 и пристигнување во 21:10 часот. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање. - Ноември (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Препорачуваме разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.
- Ноември (Недела) ФИРЕНЦА – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Превоз низ преубавите предели, налик на позадина на ренесансните слики, со попатна посета на Сан Џимињано, најсимпатичниот мал град во Тоскана. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
- Ноември (Понеделник) ФИРЕНЦА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети. Пешачка прошетка по Плоштадот Маџоре, опкружен со најпознатите знаменитости и најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 21:10 часот и пристигнување во Скопје во 22:55 часот.
Цена: 449 € / 27.838 денари
Цената вклучува:
– Авионски превоз Скопје-Болоња-Скопје со вклучени
– Аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
– Трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот во Фиренца и обратно
– Сместување во избраниот хотел во центарот на Фиренца 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Болоња
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
– Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 2.900 денари
– Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.800 денари
– Организирана пешачка прошетка на Фиренца 10 €
– Посета на Сиена и Сан Џимињано 65 €
– Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
Тоскана
Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.
Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )