TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Тоскана ✈️

 

1.ден (04.03.2023 – сабота) БИТОЛА – ТИРАНА – БОЛОЊА
Состанок на групата на Градската автобуска станица во 12.00 часот. Поаѓање за Албанија во 12.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување на аеродромот во Тирана околу 17.30 часот. Слободно време. Чекирањето за Летот на WIZZ AIR за Болоња почнува во 18.00 часот. Лет за Болоња во 20.10 часот. Пристигнување во Болоња во 21.50 часот…по царинските формалности, патувањето продолжува за Монтекатини…сместување во хотел. Ноќевање.

2.ден (05.03.2023 – недела) МОНТЕКАТИНИ – СПЕЦИА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА
Појадок. По појадокот – заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 средновековни рибарски селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO уште од 1997 година. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите живописни туристички центри. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини, со попатна посета на Пиза и локалитетот Piazza Dei Miracoli (плоштадот на чудата), каде се наоѓа надалеку прочуената Torre Pendente (Кривата Кула) – една од најпрепознатливите Италијански знаменитости, но таа е само една од целата низа на извонредни атракции во Пиза…на плоштадот на „чудата“ (кој е под заштита на UNESCO) се наоѓаат уште и Крстилницата и црквата Santa Maria Assunta…слободно време за одмор и фотографирање на едно од најпосетуваните места во Италија…Ноќевање.

3.ден (06.03.2023 – понеделник) МОНТЕКАТИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО
Појадок. Сиена е позната ширум светот по коњската трка Палио, која се одржува на 2.Јули и 16.Август, во која се тркаат тимови од различни области на градот. Срцето на градот е Piazza Del Campo, со својата форма на школка. Оттука можете да се восхитувате на 102-метарската кула Torre del Mangia (а потоа и да се искачите на неа)… Друго што мора да се види е катедралата Santa Caterina, која може да се пофали со црно-белата фасада и внатрешност, со својот прекрасен мермерен мозаичен под и спектакуларен свод. Паувањето продолжува кон малото место Сан Џимињано…лесно се препознава по средновековните кули, селото Сан Џимињано е типично село од разгледницата на Тоскана. Сан Џимињано беше една од постојките на Via Francigena, главната рута за аџилак до Рим. Нејзините 72 средновековни кули (14 сè уште постојат), ѕидови и цркви, црквата на романескните витези Темплари во Сан Јакоп, па дури и аптеката и Хербариумот Хербиз од 14.век, остануваат недопрени и за туристите се можност да се “прошетаат” низ минатото…СЕ на СЕ – факултативен полудневен излет кој ќе Ве остави без здив…враќање во Монтекатини во касните попладневни часови. Ноќевање.

4.ден (07.03.2023 – вторник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – БОЛОЊА
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување во факултативна посета на “Лулката на Ренесансата“…магична, мистична, шармантна…ниедна придавка не може да ја опише Фиренца на соодветен начин…СЕ во овој град вреди да се посети, Piazza Del Duоmo со куполата на чудесниот архитект Брунелески која доминира со небото, Piazza Dela Signoria (плоштадот каде е изложена статуата на Давид – творба на Микеланџело), Ponte Vecchio…направете само неколку чекори и ќе се најдете пред црквата San Lorenzo и Микеланџеловите гробници правени за надалеку позната фамилија Medici, која владеела со овој град над 400 години и е најзаслужна за она што беше и што сеуште е Фиренца…некогаш и дом на Da Vinci, Botticelli, Donatelo, градот изобилува со музеи кои чуваат мноштво уметнички дела, кои всушност ја сочинуваат и неговата историја…спрема UNESCO, градот е дом на една третина од светското уметничко богатство! Слободно време за индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Болоња околу 17.00 часот. Пристигнување на аеродромот Guliermo Marconi околу 19.00 часот. Слободно време. Чекирањето за летот на WIZZ AIR за Тирана почнува во 20.00 часот. Полетување во 22.10 часот. Пристигнување на аеродромот во Тирана во 23.40 часот.

5.ден (08.03.2023 – среда) МАКЕДОНИЈА
Патувањето продолжува за Македонија…пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 26.600,00 ден. (429 €)

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Превоз со минибус (автобус) на релација Битола – Тирана аеродром – Битола;
Авионски превоз Тирана – Болоња – Тирана;
Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см – максимум 10 кг)
Трансфер од Болоња аеродром за Монтекатини и обратно;
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Монтекатини;
Трансфер на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово;
Организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети;
Влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување;
Чекиран (додатен) багаж;

 

Цените се по лице

– Целодневниот излет за CINQUE TERRE – 2.ден (бус-трансфер+карта за воз за сите 5 места+WIFI+трансфер од железничка до центарот на Корнилија+водич+посета на Пиза) 45 €;
– Факултативната посета на Сиена и Сан Џимињано – 3.ден (трансфер+стручен водич) 45 €;
– Посетата и разглед на Фиренца – 4.ден (бус трансфер+стручен водич)  30 €;
– Туристичката такса за престој во хотелот – 3 € по лице на ден (се плаќа на лице место);

RIOMAGGIORE Риомаџоре е најјужното село на Cinque Terre, се наоѓа на само неколку минути со воз од Ла Специја. Низ градот се качуваме по сртови со поглед на море…местото се карактеризира со типични камени куќи со обоени фасади и рамни покриви. Прошетката води преку улицата Via dell’Amore (патеката на љубовта), прекрасна патека позната по романтичната атмосфера и неверојатните пејзажи. Таа води до Манарола и потребни се дваесет минути пешачење…

MANAROLA Манарола е изградено на висока карпа 70 метри надморска височина, и е едно од најшармантните и најромантичните села во Cinque Terre. Малото пристаниште има рампа за чамци, живописни разнобојни куќи свртени кон морето, мал плоштад со ресторани за морска храна. Долж главниот пат чамците се повлекуваат на суво секој пат кога морето е немирно. Селото е со угорнини и надолнини, со стрмни тесни улички (carrugi) што водат кон морето.

CORNIGLIA Тоа е селото сместено во средината од 5-те села и се разликува од другите бидејќи е единственото место кое не излегува на море. Именувано од Римјаните, Корнилија отсекогаш било познато по своето производство на маслиново масло и вино. Корнилија е исто така, веројатно најмалку достапно од 5 -те села што се должи на неговата ридска локација…се наоѓа на крајот на прилично долга скалеста патека (382) што ја поврзува селото до железничката станица. Ви препорачуваме да ја посетите Корниглија само ако сте спремни за одење по целата патека.

VERNAZZA Малото рибарско село Вернаца е веројатно најкарактеристично за Cinque Terre и е класифицирано како едно од најубавите села во Италија…основано е околу 1000 г. и било управувано од Република Џенова, почнувајќи од 1276 година. Средновековниот замок Белфорте изграден е во средината на 1500. година, првенствено за да се заштити селото од пирати. Идеален начин да стигнете до ова село што го одзема здивот е преку море. Малото пристаниште е опкружено со суптилни шарени пастелни бои, додека шармантниот плоштад изобилува со добри ресторани и барови.

MONTEROSSO Ова е најзападното лоцирано селце, на крајот на патеката и е дефинитивно најголемото од 5-те села. Селото се наоѓа на ридови одгледувани со лимони, винови лози и маслинки. Неверојатните плажи, неговите прекрасни гребени и кристално чистите води на морето го прават ова мало село едно од најгостопримливите на Лигуријанската ривиера. Овде е единствената локација која нуди песочни плажи во Cinque Terre…

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 19 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Фиренца, ИТАЛИЈА
сабота, март, 4, 2023
5 dena 3 noki
19
€429.00

8ми МАРТ

АВИОН
04.03 - 08.03.2023

€429.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица