TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ГРАTЧЕТО НА ДЕДО МРАЗ и Meтеора

Агиос Атанасиос, ГРЦИЈА
недела, декември, 8, 2019
1 den
39
€13.00
€10.00

Градот на Дедо Мраз-Трикала

Автобуски
08.12.2019, 15.12.2019 , 22.12.2019

€13.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица

ГРАTЧЕТО НА ДЕДО МРАЗ и МЕТЕОРА
Т
рикала и Метеора

Термини: 08.12.2019, 15.12.2019 и 22.12.2019 (недела)
автобуски превоз

Програма на патувањето
Состанок на групата во 07:00 чaсот. Поаѓање на групата во 07:15 часот – Автобуска станица Транскоп . Патување преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи. Пристигнување на Метеори околу 11.00 часот. Посета на Метеори и работилницата за икони.

Продолжуваме кон Трикала, волшебно место каде што се чувствува магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните.

Околу 18.00 часот се поаѓа за Битола. Пристигнување во Битола околу 22.00часот.

 

Цени и ПОАЃАЊЕ:

Поаѓање од Скопје и попатни градови 

СКОПЈЕ – 04.00 часот на паркингот на хотел ВИП
1500  денари за возрасен 
1300 денари за дете до 10год.

ВЕЛЕС: – 04.45 часот на МОТЕЛ МАКЕДОНИЈА
1500  денари за возрасен 
1300 денари за дете до 10год.

Поаѓање од Битола и попатни градови 

СТРУГА: 05:00 часот на ПАРКИНГ ХОТЕЛ ДРИМ
1100 денари за возрасен 
900 денари за дете до 10 год.

ОХРИД: 05:30 часот на  ЛУК ОИЛ БЕНЗИНСКА
1100 денари за возрасен 
900 денари за дете до 10 год.

РЕСЕН: 06:15 часот од АВТОБУСКА СТАНИЦА
1050 денари за возрасен 
850 денари за дете до 10 год.

ПРИЛЕП: 06.30 часот на бензиска станица ЛУК ОИЛ
850 денари за возрасен 
750 денари за дете до 10 год.

БИТОЛА: 07.00 часот на СПОРТСКА САЛАT.A
800 денари за возрасен
600 денари за дете до 10 год.

 

 

Во цената Е вклучено:
– Превоз на наведената релација со туристички автобус
– Посета на Метеори и работилницата за инони

Во цената НЕ Е вклучено
– Влезница во манастир во Метеори
– Патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

 

Си беше еднаш, во едно градче…

И овај Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Пченицата е ставена и чека да се почне да се работи со полн капацитет за истата да стане брашно.

Божиќ во работилницата на џуџињата е најслаткиот, најбаковитиот и најволшебниот.Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и мнооогу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти… Подготовките се одвиваат со месеци. Најпознатите пекари од светот одлучија да споделат со нас многу традиционални вкусови, насмевки и мнооогу моменти на среќа како за децата така и за возрасните. Го одбраа најубавото Божиќно село во светот и тоа е не толку далеку од нас. Токму во Трикала. Џуџињата одлучија да ја постават нивната работилница тука, на истата улица, а Дедо Мраз му дозволи и еве….Се е спремно за најсрекниот Божиќ и Нова Година !!!!
Приказната продолжува заедно со Нас…

Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.

Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки… Не заборавајте да понесете  ракавици и шалче, фото апарат, позитивно расположение и голема насмевка , Ве очекува  голема доза на среќа…

Во цената е вклучена и бесплатна посета на Метеори и работилницата за икони. Метеори е второто најважно место за посета во Грција! Првото е Акропол.Местото е под заштита на УНЕСКО во две категории – природа и уметност. Едно е од само неколкуте места во светот, кои се квалифицирани во повеќе од една категорија.

Во извесен период, таму имало 24 манастири, од кои денес се останати само 6. Односно останати се само 20 монаси и 4 монахињи кои постојано живеат во манастирите. Намалувањето на бројот на манастирите и монасите, делумно се должи и на се поголемиот број на туристи. Монасите дошле на метеори во 14-ти век, барајќи безбедно место. Како резултат, единствениот пристап до манастирите бил со искачување по карпа или со пренесување со корпа. На Метеорите немало скали до 1920 година. Метеори е втората најголема заедница на монаси во Грција. Првата е Атос.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ И НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 патници.

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).

Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.

Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.

Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.