TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Валона-8ми Септември

1 ден: 05.09.2020 Сабота  
Поаѓање за Валона  од Битола на паркингот Спортска сала во 04.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан  низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Валона  во претпладневните часови, сместување во хотел 4* во областа Радиме. Ноќевање1


2 ден: 06.09.2020 Недела Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна посета (10 еур) на манастиорот Звернек,  кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се патува на  дрвен мост (270 метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце.


3 ден: 07.09.2020 Понеделник Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Вечерта организирана  прошетка до град со можност за шопинг  со како и можност за организирана вечера со музика (факултативно 15 Еур).


4 ден: 08.09.2020 Вторник Појадок. По појадокот  слобиден ден за  уживање во тиркизното море.  Попладне во 17 часот, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 99 евра по лице (6.138 денари)

Еднокреветна соба 129 евра

Деца 2 -12 години 69 евра

Трет возрасен 79 евра

Сопствен превоз – 20 евра од цената

Цените се во се плаќа во денари 1 = 62 денари

 

Во цената е вклучено :

– Превоз со туристички автобус

– Сместување во хотел 3* во Валона (Радиме) на база 3 ноќевања со појадок

– Hotel San Saena 3* – наша препорака  за патници со сопствен превоз

– Hotel Denta 3* – одличен хотел со сопствена плажа и рибен ресторан со врвни препораки.
Хотелот располага со двокреветни и трокреветни пространи соби, широко двориште со зеленило и играчки за деца, сопствена уредена плажа со лежалки и чадори (ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА) https://hoteldenta.com

– Излет до градот Валона (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/vlora/

– Излет до познатото летовалиште со најубавите плажи – Дерми и попатна посета на паркот Логара(Факултативно 10 еур)  http://albania.al/destinations/dhermi/

– Организација и пратител на патувањето

 

Во цената НЕ Е вклучено :

Патничко осигурување (задолжително е)
Организирана вечера со пијалок (15 евра)
Трансфери останати градови (10 евра)

– Еднокреветна соба 129 евра

– Деца 2 -12 години 69 евра

– Трет возрасен 79 евра

– Сопствен превоз – 20 евра од цената

Официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )

АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
Протокол за патување :
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација

Хотел Дента 3* Радима/Валона

Сместен во Валона, на 2,8 км од плажата Радима, хотелот Дента располага со ресторан, бесплатен сопствен паркинг, бар и градина. Одликувајќи се со семејни соби, хотелот исто така им обезбедува на гостите детско игралиште. Собите во хотелот се опремени со ТВ со рамен екран со сателитски канали. Сите единици во хотелот Дента вклучуваат климатизација и биро. Доручек се служи на шведска маса.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници. Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува со валидна лична карта на македонски граѓанин. Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист