Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјади туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи
Програма
1 ден 14.04.2023 – Петок Скопје-Битола- Јанина – Парга
Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 часот преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во апартмани по ФОРТУНА програма (без претходна потврда на вила). Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Вечерта ќе имаме можност да ја проследиме процесијата во центарот на Парга – епитафио, посветена на Исус Христос за големиот празник Велигден. Ноќевање 1.
2 ден 15.04.2023 Сабота Целодневна екскурзија Крф
Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. со можност за присуствување на велигденска литургија во црквата во Парга. Ноќевање 2.
3 ден 16.04.2023 Недела Целодневна екскурзија Лефкада
Факултативно (30 Еур) организирано заминување за екскурзија Лефкада во 08,00 часот со крстарење на Лефкада. Можност да се види островот Скорпиос, плажата Афродити, пештерата Папа Николис , односно, едноставно поинаку да се доживее Лефкада на Велигден. Можност за ручек во ресторан – таверна каде ќе ги пробаме врвните специјалитети припремени за овој празник. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 3.
4 ден 17.04.2023 Понеделник. Парга-Мецово-Македонија
Слободно претпладне. Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.
Цена на аранжманот: 139 Еур/ 8,618 мкд
Деца 2-12 години со 2 возрасни 79 еур.
Сопствен превоз на барање.
Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски и бродски превоз на наведената релација
3 ноќевања во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет) ФОРТУНА ПРОГРАМА (без претходна потврда на вила)
Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)
Организација на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
Патничко осигурување
Факултативна екскурзија Лефкада со крстарење 30 Еур
Факултативни влезници на локалитетите
Индивидуални трошоци на патниците
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице
За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.
Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ
Цени за сопствен превоз:
1/2 соба/студио 40 Еур/наем на ден
1/3 соба/студио 50 Еур/наем на ден
1/4 соба/студио 60Еур/ден
1/5 соба/апартман 70 Еур/ден
За патниците со сопствен превоз ја препорачиваме Вила Кипери Ексклузив.
https://www.kiperiexclusive.com/en
Сместување за групата со автобуски превоз во студиа Фиоре Б кат. – Парга – 180 метри од плажа (идиличната Писо-Kрионери), со одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се комплетно реновирани во 2011, опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 5 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија, секои 3 дена чистење на апартманите. Студиата се со модерен дизајн и соодветна пространост, идеални за комфорен семеен одмор, некои се со поглед на море.
Опис
Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Крф. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.
Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…
Островот Крф воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња е токму во една од најубавите приказни во своето дело “Одисеја”, Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува… и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната – наречена Крф. Тој е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви… како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден од Медитеранот е на островот Крф. Над десет илјади посетители доаѓаа на Крф со цел да се прослави. На преубавиот остров Крф, празникот над празниците Воскресение Христово е прекрасно случување кое хармонично ги обединува православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.
Остров Крф или Керкира, или често се нарекува острoвот на смарагдите или рајската градина, е романтична приказна за љубовта на морето. Крстен е по нимфата Керкира, ќерката на Азоп (речен бог) и речната нимфа Менопа, во која што богот на морето Посејдон толку многу се вљубил во неа и ја донел на таен прекрасен Јонски остров. Посејдон бил толку вљубен што островот го крстил по неа. Повеќето од нас остров Керкира го знаат по туристичкото име Крф.
Услови
ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ (до крај) |
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa. По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува) Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број. Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности) |
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд Минималниот број на патници за реализација на факултативите е ..(во зависност од факултативата) Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување. |
Напомени за распоред на седење во автобус: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот и до таа дата резервираните седишта) |
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот. |
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. |
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE. |
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето. Туристичката агенција НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот. Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби. |
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување |
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот. |
Должината на слободното време за индивидуални активности зависи од објективните околности. За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. |
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата. |
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. |
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената. |
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување. |
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука ) |