TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Венеција ✈️

30.декември (петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:10 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 13:10ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 15:00ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање.

31.декември (сабота) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО
Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, прозорци, лустери, огледала, чинии, вазни… Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров… Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.

01.јануари (недела) ВЕНЕЦИЈА 
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко , Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на ѕвоникот на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна…  Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.

02.јануари (понеделник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Попладне трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:15 часот.


Цена на аранжманот: 389 € (24.118,00 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:

Авионски превоз: Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air)
Вклучени аеродромски такси.
Сместување во хотел ***  во Местре, на база 3 ноќевања со појадок
Панорамски разглед на Венеција со водич (доплата за јавен превоз Местре-Венеција-Местре)
Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Здравствено – патничко  осигурување 140мкд или 200мкд со Ковид покритие
Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело – 40 € (уплата во агенција)
Туристичка такса: Хотел 3* – 2€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
Билети за јавен превоз со автобус или железница
Влезници за културно-историските споменици

Напомени:
Сместувањето е во Апарт-хотел ***, според политиката на “Green hotel” за намалување на загадувањето и одржливи практики,
За престој од 3 ноќевања не следува чистење на собите во текот на престојот и промена на пешкири/постелнина.
Можна доплата за чистење на собата 20 € / ден.
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Информации за факултативната екскурзија – еднодневно патување во северната лагуна и посета на Мурано, Бурано и Торчело.
Прво застанување е во “стаклениот остров” – Мурано, познат низ светот по уметноста за производство на стакло. Тука ќе имате можност да посетите работилница за правење на стакло, каде што има демонстрацијата и преглед на техниката на дување на стакло. (на островот се останува 1 час и 15 минути)
Потоа, турата продолжува кон Бурано, познат низ целиот свет по изработката на врвки и по светло обоените рибарски куќи. Ќе имате можност да прошетате низ улиците и да погледнете одблиску како се везат рачно изработени производи од тантела. Во Бурано се пристигнува околу ручек, па имате можност да изберете некој од типичните рибни ресторани за брз ручек или да си купите нешто од продавниците за рачна изработка на тантела. (на островот се останува 1 час и 30 минути)
Последен остров кој се посетува во оваа тура е островот Торчело, првиот центар на цивилизацијата во овој дел. На овој остров ќе ги погледнете најстарите цркви во лагуната и ќе откриете како настанала Венеција. (на островот се останува 1 час и 15 минути)
При враќање од островите се поминува целата лагуна на Венеција.

 

  1.  За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
    2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
    3.  Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 15 лица
    (во зависност од факултативата).
    4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
    5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
    6.   Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
    7.   Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
    8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
    9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
    10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
    11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
    12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
    13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
    14.  
    Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
    15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
    17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, авионски билет, хотел, автобуски трансфери и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
    18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
    19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
    20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
    21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
    22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
    23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
    24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
    25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
    26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
    27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
    28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
    30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
    31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената