Програма
10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Венеција во 12:35 и
слетување во 14:30 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција:
Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките…
Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
11. Февруари (Недела) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано.
Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури,
каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска
чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со
карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да
ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански
специјалитет… Ноќевање.
12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите
љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и
Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција.
Полетување за Скопје во 15:00 и слетување во 16:45 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 333 евра (20.650 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Скопје-Венеција-Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
Сместување во хотел Lugano 4* ( www.hotellugano.it/en ) во Венеција/ Местре
3 ноќевања со појадок
Разглед на Венеција
Придружник на патувањето
Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg
Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50 €
Посета на Верона 50 €
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 €)
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Цените се дадени во €, уплата по курс 1 € = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Факултативи
Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 50€
Посета на Верона 50€
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20€)
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )