TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Виена-Братислава ✈️

 

  1. Март (Петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА
    Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:50 часот. Полетување за Братислава во 19:20 и пристигнување во 20:55 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотелот. Ноќевање.
  1. Март (Сабота) БРАТИСЛАВА – ПАРНДОРФ – ВИЕНА
    Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Посета на Братиславскиот дворец, лоциран на ридот, со прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Организиран трансфер до Виена и панорамски разглед на градот: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Сместување во хотелот. Ноќевање.
  1. Март (Недела) ВИЕНА
    Појадок. Пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан, симболот на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резиденција на австрискиот претседател… Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.
  1. Март (Понеделник) ВИЕНА – СКОПЈЕ
    Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до Аеродромот во Братислава со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Полетување за Скопје во 21:30 и слетување во 23:00 часот.

 

Цена на аранжманот: 333 € (20.650 денари)

 

Цената вклучува:
Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно и превоз од Братислава до Виена  Сместување во Хотел 3/ 4* во центарот на Братислава на база 1 ноќевање со појадок
Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена /2 ноќевања со појадок/
Разгледување на Братислава и Виена според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра, Попатна посета на Парндорф 10 евра
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)   1.950 денари
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg   2.750 денари
Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)
Посета на Шенбрун со вклучена влезница
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко/здравствено осигурување – задолжително е

 

 

* За реализација на аранжманот потребен е минимален број 25 платежни патници.
* Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa
* По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
* Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
* Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата).
* Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
* Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
* Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
* Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
* Седиштата во авионот/автобусот се определуваат автоматски во систем според датумот и редоследот на уплата.
* Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
* Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
* Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
* Поради државни или верски празници или реновирање на одредена дестинација и локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
* Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата во држава во која се патува транзит или каде се реализира аранжманот, и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите низ кои се поминува (транзит) при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
* Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената
* За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност а со важност се и се применуваат
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

Виена, АВСТРИЈА
петок, март, 10, 2023
4 dena 3 noki
1
€333.00

МАРТ 2023

АВИОН
10 - 13 Март 2023

€333.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица