TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

11ти Октомври-Врњачка Бања 🚌

 

1 ден 09.10.2021 (сабота) Битола-Скопје-Врњачка Бања
Поаѓање во 04:00 часот од пред Спортска сала Младост.
Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје, Ниш со попатни паузи.
Пристигнување во пладневните часови, сместување во хотел Соларис 4* .
Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот.
Во попладневните часови посета на изворите .
Враќање во хотелот и организирана свечена вечера(доколку дозволуваат протоколите). Ноќевање.
2 ден 10.10.2021 (недела) Врњачка Бања – Манастир Жича
Појадок. После појадокот, слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот.
Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур).
Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески.Враќање во хотелот. Користење на хотелските содржини за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање
3 ден 11.10.2021 (понеделник) Врњачка Бања – Ниш
Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Поаѓање за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг, кафе…..
Враќање во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот : 129 € по лице /7,998 денари

* Деца до 4 години бесплатно во хотел (плаќа само бус 30 € )
* Деца од 4- 11.99 години плаќаат 69 €  / 4,278 денари.
* Сопствен превоз -20 €

Во цената на аранжманот Е вклучено:
2  полупансиони во хотел Соларис 4*  https://solarisresort.com
Kористење на: затворен базен со солена вода, солена соба, турска бања, финска сауна, руски спа центар, калдариум,тепидариум, џакуз, студена соба, арома тушеви, мелен мраз, фатнес сала
Услугите на СПА центарот можат да се користат од 10-21 часот и се вклучени во цената
Превоз со туристички автобус
Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите
Посета на Ниш
Организација и придружник на патувањето
Запазени Ковид мерки

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Трансфери од останати градови 10 €
Влезници за музеите и културно историските споменици
Патничко осигурување
Останати ненапоменати услуги

Хотел Solaris Resort 4* https://solarisresort.com е единствен СПА во регионот на Врњачка Бања кој се простира на површина од 1 хектар и има 4 ѕвезди. Во изминатите години го зазема водечкото место во хотелиерството, во wellness и spa, како и во спортскиот, конгресниот и индивидуалниот туризам. Хотелот има 91 конфорна сместувачка единица, апартмани со големина од 45 метри квадратни, на располагање на гостите им се penthouse апартмани, лоби бар, два ресторани, два отворени базени ( од кои еден био а другиот со тропски бар во водата) и затворен базен со солена вода. Комплексот има 100 наткривени паркинг места, СПА центар кој се простира на површина од 1000 м2, конгресна сала до 200 места за седење која е опремена со најсовремена опрема (по потреба може да се подели на две целини) и игротека со два стручни аниматори кои ќе им го направат на децата престојот во хотелот назаборавен.
Соларис Ресорт е сместен во мирниот дел на бањата, во непосредна близина на шеталиштето.
Паролата на хотелот е: „Доаѓате како гостин, заминувате како пријател на хотелот“.

 

 

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба.
За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%, доплата најдоцна до 14 дена пред поаѓање.
Како за сите наши програми така и за оваа програма важат пропишаните мерки за заштита од Ковид 19, агенцијата гранатира за полна рефундација кај лица кои би откажале заради присуство ка Ковид 19.
За Србија не е потребен тест, а можно е да се патува само со лична карта.
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

Агенцијата преговара со своите партнери, да доколку постои можност, се изврши бесплатна вакцинација на нашите патници на овај аранжман,  нормално доколку се заинтересирани за истото

Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. ТУРИСТ