TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Занзибар Јануари од Скопје

Поаѓање 08.01.21 / Враќање 18.11.2021 / Денови 11 / Цени од 1150 евра – 1350 евра

Оваа зима одиме на Занзибар, чие име звучи како како топол ветер на мека песочна плажа! Егзотика во нејзината најчиста форма! Уживање и опуштање во магичната атмосфера на овој остров, звуците на брановите, топлата океанска вода и снежно белиот песок во комбинација со мелодијата на природата, испрекината со тапите звуци на кокосите што паѓаат на земја.

Го посетуваме главниот град Stone Town каде сé е толку живописно. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера!

Се запознаваме и со природните убавини на овој неверојатен остров и ја истражуваме џунглата каде имаме впечаток како да сме во некој документарец за планетата земја додека јадеме кокоси, а љубезните локалци нé запознаваат со зачините и егзотичните овошја и зеленчуци кои растат на овие простори, како и примената на овие билки во нивниот секојдневен живот. Се будиме со звуците на брановите во магичната Kendwa каде ќе се претопиме во локалниот Hakuna Matata стил на живот…

Уживаме и во белиот песок и тиркизната вода на Индискиот океан, нуркаме и медитираме во комбинација со африканскиот ритам.

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?

1 Ден. Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје три часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 09:05h (TK-1004). Пристигнување во Истанбул во 12:45h по локално време. Конекција на лет за Дар ес Салаам (Dar es Salaam) во 19:35h (TK-603).

Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Дар ес Салаам (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

2 Ден. Пристигнување во Дар ес Салам (Dar es Salaam) во утринските часови и трансфер до пристаништето. Поаѓање со траект за Занзибар (Zanzibar) околу 07:00 часот. Пристигнување на бајковитиот остров околу 08:30 часот и трансфер до сместувањето во Стоун Таун (Stone Town). Уживање во овој неверојатен град сé до попладневниот check-in во собите. Можност и за early check-in, во зависност од расположливост на соби.Занзибар (Zanzibar) е остров на зачини, мистерии, рајски плажи, одлична афро музика и насмеани и “хакуна-матата“ локалци. Иако денес е дел од Танзанија (Tanzania), отсекогаш бил сам свој свет. Низ историјата, Занзибар (Zanzibar) бил под владение на Персијанците, Португалците и Арапите – култури кои оставиле огромно влијание врз самиот остров. Добредојдовте во рајот со мирис на цимет и ванила, со мирис на ѓумбир и мирис на среќа!

 Превоз

Трансфер од аеродром до пристаниште
Трансфер од Дар ес Салам до Стоун Таун
Трансфер од пристаниште до сместувањето

 Сместување

Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

Место

Дар ес Салам
Stone Town

3 Ден .Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор… Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме до Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Враќање во сместувањето.

Сместување

Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

 Место

Stone Town

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

Stone Town – Prison Island (Остров на желките)

4 Ден. Ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Започнуваме со факултативен излет до “фармата” на зачини каде ќе уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Станува збор за огромни државни плантажи за зачини, каде и живеат луѓето кои ја обработуваат земјата, опколени со џунгла и индискиот океан… Следната станица ни е Јозани шумата која претставува национален парк и каде ќе имаме прилика да видиме црвени Колобус мајмуни, кои можат да се најдат исклучиво на Занзибар (Zanzibar). Ден исполнет со уживање во зеленилото на тропските и мангровите шуми. По разгледувањето на Јозани шумата, го посетуваме селото Паџе (Paje) – традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

 Сместување

Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

 Место

Stone Town

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

ФАРМА СО ЗАЧИНИ – ЈОЗАНИ ШУМА – СЕЛОТО ПАЏЕ 

5 Ден. Ден за факултативниот излет Blue Safari – целодневен излет на најубавите плажи на островот каде ќе имаме прилика да пливаме и нуркаме. Ќе се возиме со традиционалните занзибарски едрилици кои се навистина посебни и карактеристични за овој дел од светот. Поминуваме преку песочни спрудови кои се губат под налетот на најубавото тиркизно море – играта на плимата и осеката. Уживаме во вкусовите на Занзибар (Zanzibar) – јастози, морски плодови, кокос, манго и друго вкусно и сочно тропско овошје. Враќање во сместувањето.

 Сместување

Tausi Palace или Africa House 1 ноќ

 Место

Stone Town

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

Blue сафари

6 Ден.По појадокот го напуштаме сместувањето и трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa)Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

 Превоз

Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi

 Сместување

Amaan beach bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

 Место

Нунгви/Кендва

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

Сафари НП Mikumi (3 дена)

 

Ден 7-8.Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.

 Сместување

Amaan beach bungalows или Sunset Kendwa 2 ноќи

 Место

Нунгви/Кендва

 Храна

Континентален појадок × 2

Ден 9.Релаксирачки ден, планиран за комплетно уживање во океанот, коктелите и вкусната занзибарска храна. Денот го започнуваме со факултативен излет во светски познатиот ресторан на Занзибар – The Rock. Стара рибарска карпа, која од 2010 година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар (Zanzibar). Најубавата chill зона на западниот дел на Michamwi. После ручекот и задолжителното фотографирање на карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови. Целото попладне го користиме за уживање, пливање и пиење на добро познатите занзибарски коктели на самата плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето кое е посебно убаво на занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во вечерните часови.

 Сместување

Amaan beach bungalows или Sunset Kendwa 1 ноќ

 Место

Нунгви/Кендва

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

Ресторан The Rock

 

Ден 10.Напуштање на сместувањето. Слободно време за уживање на овој магичен остров. Трансфер до пристаниште. Траект за Дар ес Салам. Пристигнување во Дар ес Салаам и трансфер до хотел. Слободно време да испиеме уште некој коктел и да се припремиме за патување. Вечера. Се збогуваме од фасцинантната Африка. После полноќ, трансфер до аеродром.

 Превоз

Трансфер од Кендва до пристаниште
Трансфер од Занзибар до Дар ес Салам
Локален трансфер од пристаниште до сместувањето

 Сместување

Хотел 3* во Дар ес Салам 1 ноќ

 Место

Нунгви/Кендва

 Храна

Континентален појадок × 1
Вечера × 1

Ден 11.Лет од Дар ес Салам до Истанбул во 04:00h (TK 604). Пристигнување во Истанбул во 11:30h по локално време. Преседнување на лет. Лет до Скопје во 20:10h (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:50h. Крај на патувањето.

 Превоз

Трансфер од сместување до аеродром
Авиобилет со сите такси на релација Дар ес Салам – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

 Место

Истанбул
Скопје

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

 

Што е вклучено

Сместување

Tausi Palace Пример или Africa House Пример  4 ноќи
Amaan beach bungalows Пример или Sunset Kendwa Пример  4 ноќи
Хотел 3 во Дар ес Салам Пример  1 ноќ

Превоз

Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Дар ес Салаам (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Трансфер од аеродром до пристаниште

Трансфер од Дар ес Салам до Стоун Таун

Трансфер од пристаниште до сместувањето

Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi

Трансфер од Кендва до пристаниште

Трансфер од Занзибар до Дар ес Салам

Локален трансфер од пристаниште до сместувањето

Трансфер од сместување до аеродром

Авиобилет со сите такси на релација Дар ес Салам – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Храна

8 × Континентален појадок, 1 × Вечера

Не е вклучено

Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот

Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Виза за Танзанија (на граница)

Меѓународно здравствено осигурување

 

Stone Town – Prison Island (Остров на желките)

Цена: од 40,00 USD до 45,00 USD

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Одма до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. Во попладневните часови се враќаме во Stone Town, за да засведочиме едно од најмагичните зајдисонца…

Во цената на излеот е вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

ФАРМА СО ЗАЧИНИ – ЈОЗАНИ ШУМА – СЕЛОТО ПАЏЕ

Цена45,00 USD

Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку фарми на зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата фарма и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ќе гледаме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар. По фармата со зачини, по кратко возење, пристигнуваме до Јозани шумата, која е дел од националниот парк Јозани, единствениот национален парк на Занзибар, кој е формиран во 2004-та година, како начин да се зачуваат загрозените видови на овој необичен остров. Шетаме низ тропска шума, уживаме во парадоксална мешавина на мир и дивина кои ни се нудат. Гледаме сиви Сајксови мајмуни како скокаат по крошните на високите стебла на црвениот махагон, запознаваме многу интересни билки и начини на кои Занзибарците ги користат. Во другиот дел на шумата, бараме и се восхитуваме на црвените Колобус мајмуни, загрозен вид на мајмуни што живее исклучиво на Занзибар – од кои останати се околу 5000 единки. Потоа шетаме низ мангрова шума, посебен вид на вегетација која расте од солена вода и која е посебно важна за Занзибар, затоа што го штити од штетните влијанија на брановите, ерозијата и ветерот. Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој, иако не е толку развиен како северниот, но има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови. За крај, прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.

Во цената на излетот е вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Blue сафари

Цена60,00 USD

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетот Blue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас Индијскиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Авантурата ја започнуваме од Stone Town, од каде се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што нѐ чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас нѐ мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, нѐ послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој нѐ очекува. По капењето и уживањето на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островот Кwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу 20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога сѐ што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува.

Во цената е вклучено: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови) и услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Сафари НП Mikumi (3 дена)

Цена: од 425,00 USD до 660,00 USD

За сите кои би сакале да ја доживеат вистински Танзанија и да одат на сафари, по што оваа земја е позната низ целиот свет, имаме подготвено посета на Националниот Парк Микуми. Доколку сте спремни за авантура, три дена на плажа ќе ги замените со неповторливо и единствено искуство – Африканско сафари. Микуми е четврт по големина национален парк во Танзанија. Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам, најголемиот пристанишен град на Танзанија. Микуми е природно живеалиште на жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови. Ова сафари ни нуди единствена прилика да ја осознаеме африканската дивина и да го разбереме кругот на животот и смртта. Цената на излетот вклучува: трансфер од сместувањето на Занзибар до пристаништетот, карта за брод на релација Занзибар – Дар ес Салам, трансфер од пристаништето во Дар Ес Салам до Микуми националниот парк, дводневен сафари во НП Микуми (влезници за сафари, 2 ноќевања во Микуми ресортот***, ручек и вечера првиот ден, појадок, ручек и вечера вториот ден од сафарито, појадок третиот ден), трансфер од НП Микуми до аеродромот во Дар Ес Салам, авионски билет на релација Дар Ес Салам – Занзибар, трансфер од аеродромот на Занзибар до сместувањето на Занзибар, локален водич на англиски јазик.

Ресторан The Rock

Цена25,00 USD

Релаксирачки дан, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и вкусната храна. Поаѓаме во утринските часови и се возиме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индијскиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, кој претставува и една од најубавите “chill” зони на Занзибар. Цело попладне уживаме во пливање и пиење на добро-познатите занзибарски коктели на плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме залезот на сонцето, кој е посебно убав на Занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во ноќните часови.

Цената на излетот вклучува: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

 

Танзанија

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Танзанија

Главен град: Додома

Површина: 945.087 km²

Број на жители: 36.481.000 (2005)

Население: 99% од народот е од африканско потекло од преку 130 племиња

Јазик: свахили и англиски

Вероисповед: 30-40% христијани, 30-40% муслимани, остатоци од припадници на традиционалната религија.

Локално време: UTC + 3

Основана: 26. април 1964.

Независност: Танганика 1961, Занзибар 1963.

Валута: танзаниски шилинг

*Занзибар

Најголем град: Stone Town

Број на жители: околу 800.000

Вероисповед: 99% муслиманско население

 

2. ВИЗИ:

За влез на територијата на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар) на државјаните на Република Северна Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром) и чини 50 долари. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и да понесете фотографија на бела позадина со димензија 3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на важење од 3 месеци. Кога се преоѓа на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето со поминува на пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата. Сé од наведеното важи за државјаните на Република Северна Македонија и регионот но е неопходно да се провери визниот режим за Танзанија во матичната амбасада.

На територијата на Танзанија не постои амбасада на Република Северна Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија).

Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај)

Може да се случи наместо со кеш, да ви побараат да платите со платежна картичка (ова почесто се случува ако патувате директно на Занзибар).

 

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.

 

4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:

Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите.

Ниту една вакцина не е неопходна за влез во Танзанија.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан.

Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата.

 

5. БЕЗБЕДНОСТ:

Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит.

Избегнувајте опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални.

Не се препорачува самостална обиколка на Дар Ес Салам.

Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.

*Почнувајки од 01.06.2019. сите патници за Танзанија не смеат со себе да имаат пластични кеси, затоа што од таа дата се применуваат високи парични казни за кршење на ова правило. Користење, производство или внесување на пластични кеси е нелегално. Сите посетители се советуваат да избегнуваат пакување во било какви пластични кеси , како во чекираниот, така и во рачниот багаж. Производите кои се купени на аеродром и се спакувани во пластични кеси, мора да се отстранат пред влегување во авион. Исто така, сите “зип кеси“ кои ги користат патниците за пакување на течности, не смеат да се внесат во Танзанија, и доколку патниците ги користеле во текот на летот, мора да останат во авионот. Ги молиме сите патници да избеггнуваат пакување или носење било каква врста на пластични кеси на оваа дестинација.

6. КЛИМА

Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.

Плима и осека – На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.

 

7. ХРАНА:

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба.

Улична храна не се препорачува (пред се ова не е подрачје со традиционална улична храна)

Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.

8. ОБЛЕКА:

Од облека понесете летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и ногавици пред се поради авионот но можно е и температурата да падне, пред се навечер и на Занзибар.

Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

За излет на водопадите Матеруни понесете удобна облека за тракинг низ џунглата, кабаница, панталони и костим за капење.

За сафари потребна е облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.

На Занзибар Ви е потребна летна гардероба и облека за плажа, но и нешто подолго (поради комарците, одење на излети во село, и обиколка на Stone Town каде морате пристојно да се облечете, затоа што се работи за место каде мнозинското население е со исламска вероисповед. За излет во шумата Јозани пожелно е да имате затворена облека или нешто постаро поради теренот по кој се движиме. За излетот на Blue safari пожелно е да имате нешто во што можете да одите низ вода (поради острите корали, алги и ежови).

 

9. ПАРИ:

Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS.

1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.

Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму.

Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. Консултирајте се со Вашиот банкар и задолжително пријавете заминување во странство, за да не ви ги блокираат платежните картички.

Во некои случаи можете да плаќате и во долари, но спремете ситни пари и еден долар ке Ви се смета околу 2000 TZS.

На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај.

Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.

 

10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа.

Сите сместувања се опремени со wi-fi.

Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија (со три влеза).

Адаптери на самата дестинација не може да набавите.

 

11. СУВЕНИРИ:

За почеток мораме да напоменеме дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата.

Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар…

 

12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:

На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.

Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров.

На турата во Танзанија и Занзибар постои целодневно возење од Моши до Дар Ес Салам, кое трае околу 10 часа (зависно од метежот, може да трае и до 12 чаца). Се возиме со локални автобуси.

 

Занзибар

Најголем град: Stone Town

Број на жители: околу 800.000

Вероисповед: 99% муслиманско население

ВИЗИ:

За влез на територија на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар), на државјаните на Р. С. Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром), и чини 50 УСД. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и понесете две фотографии со димензија 3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на траење од 3 месеци. Кога се преминува на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето се поминува пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата.

На територијата на Танзанија не постои амбасада на Р. С. Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија).

Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај)

Може да се случи да Ви побараат да платите со платежна картичка наместо во кеш (ова почесто се случува ако патувате директно за Занзибар).

 

Временската зона е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.

 

Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите.

Ниту една вакцина не е неопходна за влез во Танзанија.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан.

Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата.

На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.

 

Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.

Плима и осека – На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.

 

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба.

Улична храна не се препорачува (пред се ова не е подрачје со традиционална улична храна)

Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.

 

БЕЗБЕДНОСТ – Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит.

Избегнувајте опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални.

Не се препорачува самостална обиколка на Дар Ес Салам.

Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.

 

Од облека понесете летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и ногавици пред се поради авионот но можно е и температурата да падне, пред се навечер и на Занзибар.

Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

За излет на водопадите Матеруни понесете удобна облека за тракинг низ џунглата, кабаница, панталони и костим за капење.

За сафари потребна е облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.

На Занзибар Ви е потребна летна гардероба и облека за плажа, но и нешто подолго (поради комарците, одење на излети во село, и обиколка на Stone Town каде морате пристојно да се облечете, затоа што се работи за место каде мнозинското население е со исламска вероисповед. За излет во шумата Јозани пожелно е да имате затворена облека или нешто постаро поради теренот по кој се движиме. За излетот на Blue safari пожелно е да имате нешто во што можете да одите низ вода (поради острите корали, алги и ежови).

***Треба да се води сметка доколку се патува на Занзибар за време на Рамазан, дека е неопходно пристојно облекување, што подразбира покриени нозе и рамења (долги ракави), особено кога се оди во обиколка на поголемите места како што е Stone Town.

 

Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS.

1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.

Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму.

Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. Консултирајте се со Вашиот банкар и задолжително пријавете заминување во странство, за да не ви ги блокираат платежните картички.

Во некои случаи можете да плаќате и во долари, но спремете ситни пари и еден долар ке Ви се смета околу 2000 TZS.

На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај.

Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.

 

КОМУНИКАЦИЈА – Нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа.

Сите сместувања се опремени со wi-fi.

Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија (со три влеза).

Адаптери на самата дестинација не може да набавите.

 

Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров.

 

Сувенири – За почеток мораме да напоменеме дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата.

Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар…