TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Занзибар Нова Година од Скопје

Егзотика во нејзината најчиста форма! Уживање и опуштање во магичната атмосфера на овој остров, звуците на брановите, топлата океанска вода и снежно белиот песок во комбинација со мелодијата на природата, испрекината со тапите звуци на кокосите што паѓаат на земја.

Го посетуваме главниот град Stone Town каде сé е толку живописно. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера!

Се запознаваме и со природните убавини на овој неверојатен остров и ја истражуваме џунглата каде имаме впечаток како да сме во некој документарец за планетата земја додека јадеме кокоси, а љубезните локалци нé запознаваат со зачините и егзотичните овошја и зеленчуци кои растат на овие простори, како и примената на овие билки во нивниот секојдневен живот. Се будиме со звуците на брановите во магичната Kendwa каде ќе се претопиме во локалниот Hakuna Matata стил на живот…

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на меѓународниот аеродом во Скопје три часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 09:05h (TK-1004). Пристигнување во Истанбул во 12:40h по локално време. Конекција на лет за Дар ес Салам (DAR) во 20:20h (TK-567).

Ден 2: Пристигнување на Занзибар (Zanzibar)

Пристигнување во Дар ес Салам (Dar es Salaam) во утринските часови и трансфер до пристаништето. Поаѓање со траект за Занзибар (Zanzibar) околу 07:00 часот. Пристигнување на бајковитиот остров околу 08:30 часот и трансфер до сместувањето во Стоун Таун (Stone Town). Уживање во овој неверојатен град сé до попладневниот check-in во собите. Можност и за early check-in, во зависност од расположливост на соби. Занзибар (Zanzibar) е остров на зачини, мистерии, рајски плажи, одлична афро музика и насмеани и “хакуна-матата“ локалци. Иако денес е дел од Танзанија (Tanzania), отсекогаш бил сам свој свет. Низ историјата, Занзибар (Zanzibar) бил под владение на Персијанците, Португалците и Арапите – култури кои оставиле огромно влијание врз самиот остров. Добредојдовте во рајот со мирис на цимет и ванила, со мирис на ѓумбир и мирис на среќа!

Ден 3: Факултативен излет – Stone Town и Prison Island

Претпладне одиме на разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор… Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО

од 2000-тата година. По Stone Town, одиме до Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Враќање во сместувањето.

Ден 4: Факултативен излет – Фармата за зачини, Јозани шумата и селото Паџе

Ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Започнуваме со факултативен излет до “фармата” на зачини каде ќе уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Станува збор за огромни државни плантажи за зачини, каде и живеат луѓето кои ја обработуваат земјата, опколени со џунгла и индискиот океан… Следната станица ни е Јозани шумата која претставува национален парк и каде ќе имаме прилика да видиме црвени Колобус мајмуни, кои можат да се најдат исклучиво на Занзибар (Zanzibar). Ден исполнет со уживање во зеленилото на тропските и

мангровите шуми. По разгледувањето на Јозани шумата, го посетуваме селото Паџе (Paje) – традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

Ден 5: Факултативен излет – Blue Safari

Ден за факултативниот излет Blue Safari– целодневен излет на најубавите плажи на островот каде ќе имаме прилика да пливаме и нуркаме. Ќе се возиме со традиционалните занзибарски едрилици кои се навистина посебни и карактеристични за овој дел од светот. Поминуваме преку песочни спрудови кои се губат под налетот на најубавото тиркизно море – играта на плимата и осеката. Уживаме во вкусовите на Занзибар (Zanzibar) – јастози, морски плодови, кокос, манго и друго вкусно и сочно тропско овошје. Враќање во сместувањето.

Ден 6: Трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa)

Појадок. Напуштање на сместувањето и трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа.

Ден 7: Слободен ден

Слободно време за опуштање и капење во бистрата тиркизна вода на некои од прекразните плажи на Занзибар.

Ден 8: Факултативен излет – ресторан The Rock

Релаксирачки ден, планиран за комплетно уживање во океанот, коктелите и вкусната занзибарска храна. Денот го започнуваме со факултативен излет во светски познатиот ресторан на Занзибар – The Rock. Стара рибарска карпа, која од 2010 година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар (Zanzibar). Најубавата chill зона на западниот дел на Michamwi. После ручекот и задолжителното фотографирање на карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови. Целото попладне го користиме за уживање, пливање и пиење на добро познатите занзибарски коктели на самата плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето кое е посебно убаво на занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во вечерните часови.

Ден 9-10: НОВА ГОДИНА и уживање во магијата на тропскиот остров

Славиме Нова Година на тропски начин! Неизбежно е во 00:00h. да не си посакаме секоја наредна да биде егзотична! Наредниот ден е посветен за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите. 2021 започна магично!

Ден 11: Напуштање на сместувањето и поаѓање за Дар ес Салам (Dar es Salaam)

Напуштање на сместувањето. Трансфер до пристаниште. Траект за Дар ес Салам. Пристигнување во Дар ес Салаам и трансфер до хотел. Слободно време да испиеме уште некој коктел и да се припремиме за патување. Вечера. Се збогуваме од овој магичен остров. После полноќ, трансфер до аеродром.

Ден 12: Враќање и крај на патувањето

Лет од Дар ес Салам до Истанбул во 03:55h (TK 604). Пристигнување во Истанбул во 11:25h по локално време. Преседнување на лет. Лет до Скопје во 20:10h

(TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:50h. Крај на патувањето.

Превоз:

Трансфер од сместување до аеродром

Авиобилет со сите такси на релација Дар ес Салам – Истанбул, во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје, во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

 

ЦЕНИ И УСЛОВИ:

Сместување

Сместување Занзибар 3*/4*

Што е вклучено во понудата

Комплетна организација и услуга претставник на агенцијата на дестинацијата

Сместување во двокреветни соби на база 4 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел со **** (по локална категоризација) во Stone Town

Сместување во двокреветни соби на база 5 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел со *** (по локална категоризација) во Kendwa

Сместување во двокреветни соби на база 1 ноќевања со вечера во хотел со *** (по локална категоризација) во Дар ес Салам

Повратен авиобилет со сите такси на релација Скопје-Дар ес Салам- Скопје, во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и помеѓу градовите по планот и програмата на патувањето

 

Регуларна цена : 1.650,00 EUR

Промо цена : важи за првите 6 пријавени патници.   1.550,00 EUR

First minute :  важи за сите пријави до 05.12.2020  1.600,00 EUR 

 

Не е вклучено:

Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата) Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот

Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Виза за Танзанија (на граница)

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 5 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоца 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

 

 

Факултативни излети 

Stone Town – Prison Island (Остров на желките)

Цена: od 40,00 USD do 45,00 USD

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот наStone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, н освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Одма до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. Во попладневните часови се враќаме во Stone Town, за да засведочиме едно од најмагичните зајдисонца…

Во цената на излеот е вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

ФАРМА СО ЗАЧИНИ – ЈОЗАНИ ШУМА – СЕЛОТО ПАЏЕ

Цена: 45,00 USD

Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку фарми на зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата фарма и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ќе гледаме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар. По фармата со зачини, по кратко возење, пристигнуваме до Јозани шумата, која е дел од националниот парк Јозани, единствениот национален парк на Занзибар, кој е формиран во 2004-та година, како начин да се зачуваат загрозените видови на овој необичен остров. Шетаме низ тропска шума, уживаме во парадоксална мешавина на мир и дивина кои ни се нудат. Гледаме сиви Сајксови мајмуни како скокаат по крошните на високите стебла на црвениот махагон, запознаваме многу интересни билки и начини на кои Занзибарците ги користат. Во другиот дел на шумата, бараме и се восхитуваме на црвените Колобус мајмуни, загрозен вид на мајмуни што живее исклучиво на Занзибар – од кои останати се околу 5000 единки. Потоа шетаме низ мангрова шума, посебен вид на вегетација која расте од солена вода и која е посебно важна за Занзибар, затоа што го штити од штетните влијанија на брановите, ерозијата и ветерот. Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој, иако не е толку развиен како северниот, но има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови. За крај, прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.

Во цената на излетот е вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Blue сафари

Цена: 60,00 USD

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетотBlue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас Индијскиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Авантурата ја започнуваме од Stone Town, од каде се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што н чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас н мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, н послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој н очекува. По капењето и уживањет на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островотКwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу

20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога с што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува.

Во цената е вклучено: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови) и услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Ресторан The Rock

Цена: 25,00 USD

Релаксирачки дан, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и вкусната храна. Поаѓаме во утринските часови и се возиме до ресторанотThe Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индијскиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, кој претставува и една од најубавите “chill” зони на Занзибар. Цело попладне уживаме во пливање и пиење на добро-познатите занзибарски коктели на плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме залезот на сонцето, кој е посебно убав на Занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во ноќните часови.

Цената на излетот вклучува: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Africa House ****

Africa house 4* е хотел со четири ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима уред, SAT TV

и телефон. Се наоѓа во центарот на Стоун Таун, на самиот брег. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок)

Web Страна

https://www.africahousehotel.com/en-us

Sunset Kendwa ***

Sunset Kendwa e хотел со 3* по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Покрај класичните соби, хотелот поседува и бунгалови. Бунгаловите претставуваат мали куќички, кои се градени од бамбус, дрво или цигли. Секој бунгалов има 2 или 3 кревети и сопствен тоалет. Секоја соба има фрижидер и клима уред. Се наоѓа на плажата Кендва. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Хотел 3* во Дар ес Салам ***

Хотел 3* по локална категоризација е сместувачки објект во Дар ес Салам кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Во хотелот е достапно WiFi. Станува збор за сместување во центарот на градот, блиску до пристаништето.

Истанбул

Истанбул е главен град на Турција, кој се протега на два континенти, Европа и Азија, преку Босфорскиот теснец. Стариот град негува културни влијанија на многу царства кои своевремено владееле со градот. Во местото Султанахмет се наоѓа хиподром од римско време, на отворено, каде со векови се одржувале трки со кочии, а останати се и египетски обелисци. Култниот византиски музеј Агија Софија има огромна купола од 6-тиот век и ретки христијански мозаици.

Дар ес Салам

Дар ес Салам (Dar es Salaam) – стара престолнина на Танзанија, сместена на брегот на индискиот океан. Градот е економски и културен центар на земјата. Познати места за посета во градот се националниот музеј, Вилиџ музејот и ботаничката градина.

Stone Town

Stone Town, попознат и како Mi Mongve, е дел од островот Zanzibar во денешна Танзанија. Stone Town се наоѓа на западниот брег на “Unguja”, главниот остров од архипелагот Занзибар. Порано бил главен град на занзибарскиот султанат и центар на трговијата со зачини. Го задржал своето значење како главен град на Занзибар за време на британскиот протекторат. Кога Танганика и Занзибар се здружуваат да ја формираат Обединетата Република Танзанија, Занзибар го задржал полуавтономниот статус, а Stone Town – локалната самоуправа. Stone Town е град на истакната историска и уметничка важност во источна Африка. Неговата архитектура, која главно датира од 19-ти век, одржува разноврсни влијанија од свахилиската култура, давајќи единствена мешавина на арапски, персиски, индиски и европски елементи.

Кендва (Kendwa)

Кендва е место на северот на Занзибар, околу 3км јужно од Нунгви. Кендва е позната по својата плажа со прекрасен бел песок и тиркизна боја на водата.

ВИЗИ:

За влез на територија на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар), на државјаните на Р. С. Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром), и чини 50 УСД. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и понесете две фотографии со димензија

3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на траење од 3 месеци. Кога се преминува на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето се поминува пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата.

На територијата на Танзанија не постои амбасада на Р. С. Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија).

Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај)

Може да се случи да Ви побараат да платите со платежна картичка наместо во кеш (ова почесто се случува ако патувате директно за Занзибар).

Временската зона е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.

Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите. Ниту една вакцина не е неопходна за влез во Танзанија.

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан.

Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата.

На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.

Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.

Плима и осека – На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба. Улична храна не се препорачува (пред се ова не е подрачје со традиционална улична храна)

Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.

БЕЗБЕДНОСТ – Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит.

Избегнувајте опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални. Не се препорачува самостална обиколка на Дар Ес Салам.

Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.

Од облека понесете летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе и нешто со долги ракави и ногавици пред се поради авионот но можно е и температурата да падне, пред се навечер и на Занзибар.

Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

За излет на водопадите Матеруни понесете удобна облека за тракинг низ џунглата, кабаница, панталони и костим за капење.

За сафари потребна е облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.

На Занзибар Ви е потребна летна гардероба и облека за плажа, но и нешто подолго (поради комарците, одење на излети во село, и обиколка на Stone Town каде морате пристојно да се облечете, затоа што се работи за место каде мнозинското население е со исламска вероисповед. За излет во шумата Јозани пожелно е да имате затворена облека или нешто постаро поради теренот по кој се движиме. За излетот на Blue safari пожелно е да имате нешто во што можете да одите низ вода (поради острите корали, алги и ежови).

***Треба да се води сметка доколку се патува на Занзибар за време на Рамазан, дека е неопходно пристојно облекување, што подразбира покриени нозе и рамења

(долги ракави), особено кога се оди во обиколка на поголемите места како што е Stone Town.

Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS.

1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.

Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму.

Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. Консултирајте се со Вашиот банкар и задолжително пријавете заминување во странство, за да не ви ги блокираат платежните картички.

Во некои случаи можете да плаќате и во долари, но спремете ситни пари и еден долар ке Ви се смета околу 2000 TZS. На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај.

Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.

КОМУНИКАЦИЈА – Нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа.

Сите сместувања се опремени со wi-fi.

Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија(со три влеза). Адаптери на самата дестинација не може да набавите.

Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров.

Сувенири – За почеток мораме да напоменеме дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата.

Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар…

Напомени:

Општи напомени:

При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.

Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.

Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.

Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи. За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.

Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЈК ТРАВЕЛ.

Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.

Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи. Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.

Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.

Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.

Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.

Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.

Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.

Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.

Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.

Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.

Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.

Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.

Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.

За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.

Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето. Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.

Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE) Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.

За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред с треба да биде авантура и добра забава).

Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.

Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.

Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)

Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект

Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.

Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.

Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето. Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.

Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.

Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.

При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.

Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.