TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Златибор

(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

 

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс  Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.

 

Трет ден: 07.03.2021 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и  познатата златиборска пршута и кајмак.Вечерта,факултативно,свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.

 

Четврти ден: 08.03.2020 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници.  Пристигнување во вечерните часови.

  Цена на аранжманот: 6.510 денари

Можност за организиран трансфер од Битола и Прилеп – 10еур по лице

 

Цената на аранжманот вклучува:

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол)

Две ноќевања со појадок во Апартмански Комплекс Вила Јелена

Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода со локален туристички водич

Посета на Врњачка Бања

Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)

Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)

Туристичка такса која се плаќа во хотел – 2 евра по лице за двете ноќи

Свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот доколку постои протокол за тоа – 15 евра по лице

Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

·Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

·ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

·Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

·Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

·Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

·Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

·Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 30 патници.

Програмата е во изведба на Сунсет Травел – Кавадарци.