Детали

Опис

КРИТ спаѓа во едно од најубавите Грчки острови. Пределите варираат од соголени сртови до бујни планински шуми и рајски песочни плажи. КРИТ е колевка на Европа, овде е создадена Миноанската култура, првата високоразвиена цивилизација на Западниот свет. Миноанскаста култура е од бронзеното време, од 2600 до 1150 година п.н.е. Напредна цивилизација во секој поглед, која имаше и своја морнарица. Римјаните владееле со островот од 69. година п.н.е. до 330. година, додека спојот на нивното владеење и Византиската култура го збогати културно-историското наследство на ова острово, денес претставено во споменици и мозаици ширум светот...Ова острово, настанато како последица на поместувањето на тлото, покрај туризмот – познато е и по производство на вино, маслини и маслиново масло, суво и свежо грозје, портокали...островото е долго 260 километри и широко од 12 до 60 километри, додека обалата му е долга 1050 километри, се протега на 8336 км2 и има околу 630.000 жители. За Крит се поврзани многу Грчки митови, еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит кој одбил да жртвува бик на боговите. Посејдон потоа направи да неговата жена се заљуби во бик, од што се створил митскиот звер Минотаур...на Крит се наоѓа пештерата Идеон Андрон, во која – како се верува се родил Зевс...таму – според легендата, неговата мајка Реа го криела од Неговиот татко Кронос, кој сите други деца ги јадел – со цел никој да не стане негов наследник...

1.ДЕН (19.10.2017 – четврток) БИТОЛА – ПИРЕА Состанок на групата пред паркингот на Спортската сала „Младост“ во 05.30 часот. Поаѓање за Грција во 06.00 часот. Патот води преку Лерин, Птолемаида, Кожани, Катерини, Лариса, Ламиа...денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Пиреа околу 19.00 часот. Трансфер на траект. Поаѓање за Крит во 21.00 часот. Ноќна пловидба.

2.ДЕН (20.10.2017 – петок) ХЕРАКЛИОН Пристигнување на Крит во 06.00 часот. Пристигнување во хотелот каде имаме појадок. Краток одмор. Околу 11.00 часот – факултативна посета на Хераклион и Кносос палатата...Хераклион го основаат Сарацените во 824. година, со цел да биде едно од нивните утврдувања и поради тоа изградиле тврдина со пристаниште...од тоа место го помагале гусарењето против Византија. Поради тоа, Византија превзема акција и во 961. година го освојува истиот и потполно го разрушува, меѓутоа набрзо се воочува стратешката положба на градот и тој е повторно изграден од страна на Византија под името Хандакс и со него Византија владее следните 243 години...со пропаѓањето на Византија 1204. година, градот и островот го освојува Млетачката република, името го менува од Хандакс во „проиталијанското“ Кандија...влијанието на Млетачката Република се гледа на секој чекор во градот...со Кандиската војна (1645-1669) островот потпаѓа под Османска власт и градот почнува полека да пропаѓа, па средиштето на збиднувањата на Крит се преместува полека во вториот по големина град – Ханиа...посета на православната катедрала Св.Мина, православната црка Св.Титус, Археолошкиот музеј, црквата Св.Екатерина Синајска, фонтаната Морозини (17.век), Католичката базилика Св.Марко, Универзитетот...разгледот продолжува кон Кносос, едно од најзначајните архолошки наоѓалишта од брозеното време...се претпоставува дека бил центар на Миноанската цивилизација и култура. Големината, бројот и значајот на откритијата во Кносос докажуваат дека тоа бил дворец на еден од најзначајните и најмоќните владари на Крит. Градбите покриваат површина од 1 хектар...стотина простории се поврзани во една голема целина. Сложеноста на архитектонскиот план на оваа градба, ја доведува во врска со легендарниот ЛАВИРИНТ кој го опишуваат античките автори. За Кносос е врзана и легендата за кралот Миној – син на Зевс и Европа, кралот на Крит, законодавец и судија во подземјето спрема Грчката Митологија...се на се – одлична прилика да се посети едно од најбогатите и најпосетени археолошки наоѓалишта во Европа...враќање во хотел во попладневите часови. Слободно време. Вечерта – посета на Хераклион ноќе...слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

3.ДЕН (21.10.2017 – сабота) ЗАПАДЕН КРИТ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативен разглед на најатрактивниот дел на островот, неговиот западен дел...Манастирот Аркади – се наоѓа 25 км. Југоисточно од градот Ретимно, на севорозападната падина од планината Ида на надморска висина од 500 метри. Зидовите на манастирот формираат облик сличен на правоаголник и завземаат површина од 5.200 м2. Основан во времето на Флавие Аркади (почеток на 5.век). После завземањето на ретимно – Турцита го ограбуваат манастирот...и покрај тоа за време на Турската окупација во истиот живееле околу 100 монаси. Случувањата од 1866. Година, кога во манастирот влегуваат 15000 Турски војници и кога сите бранители на манастирот се ликвидирани...нападот почна на 8.Ноември 1866.година, после одбивањето на игуменот на манастирот Гаврил да го напушти истиот...игуменот е ликвидиран, додека сите други (војници, жени и деца) се повлекуваат во барутаната, додека Турците ги палат бурињата со барут и експлозијата била толку силна што предизвикала уништување на целиот манастир и се разбира смрт на сите Грци. Поради тоа, манастирот уште е наречен „Холокауст Аркади“. Денеска манастирот поседува музеј со единствени реликвии, а исто така е познат по тоа што во манастирот 26 години живеел Св.Атанасие Цариградски. Се упатуваме кон Ханиа, еден од најголемите и најважни градови на Крит...градот се развил на 2 полуостови Акротири и Спата. Градот е многу богат со историја, бидејќи Ханија бил долго време центар на збиднувањата на островот...постои уште од Античко време кога станува и град-држава. Ханиа се споменува и во Одисејата на Хомер. За време на Византија градот станува и седиште на Критската епископија. Градот добива на значење најповеќе за време на владеењето на  Млетачката Република, додека за време на Отоманската власт – сите цркви се претвораат во џамии и мнозинството од жителите на градот го напуштаат истиот. Градот станува седиште на пашалукот на Крит и со тоа го задржува своето значење. Конечно, во 1913. Година, Крит и Ханиа стануваат дел од Грчката држава, а градот го губи полека своето значење, во корист на Хераклион...во стариот дел на градот се наоѓаат голем број на стари вредни градби, посета на Градските зидини од сите историски периоди (Византискиот, Млетачкиот, Отоманскиот), Православната Црква на Св,Екатерина, Римокатоличката црка Св.Рок, Светилникот Фарос (15.век), Ец Хаим синагогата, Турското купатило, Археолошкиот музеј, Турската фонтана (18.век)...патувањето продолжува за Ретимно, градче на северната обала на Крит, на Егејското море. Градот е релативно „млад“ за Крит, бидејќи почнал да се развива за време на Млетачкиот период и во тоа време служел како попатна станица помеѓу Ханија и Хераклион...набрзо станува седиште на епископот и аристократијата на Крит, што го поттикнало неговиот развој...во тоа време настанал стариот дел на Ретимно – едно од најдобро сочуваните стари средновековни градски јадра во Грција...посета на Млетачката тврдина, Градската куќа, Градската капија, плоштадот Римонди...враќање во хотелот во касните попладневни часови. Ноќевање.

4.ДЕН (22.10.2017 – недела) ЕЛУНДА – СПИНАЛОНГА – АГИОС НИКОЛАОС Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. За оние кои што сакаат да доживеат еден исклучителен ден, комбинација на море, пикник и истражување на напуштен остров, Ви предлагаме факултативен излет до заливот Мерамбелу...патуваме со автобус до Елунда – шармантно рибарско селце, од каде со брод се префрламе на островот Спиналонга – посета на Венецијанската тврдина и напуштениот град, кој во почетокот на 20.век бил колонија на луѓето кои боледувале од лепра...познат е и како „град на духовите“…прошетка низ многубројните градби кои паднале во заборав. Продолжуваме кон островот Колокита, каде ќе имате можност да пливате во чистите води на заливот и учествувате во барбекју, залиено со локално вино...во попладневните часови продолжуваме со автобус кон Агиос Николаос – модерно и современо одмаралиште...прошетка низ неговите тесни улички, посета на т.н. „езеро“, кое всушност е затворен залив во центарот на градот, што му дава посебност и голема атрактивност на самото место. Посебно е привлечно за младите туристи со неговите многубројни кафе-барови, дискотеки и сл...собир на групата околу 19.00 часот и упатување кон Хераклион. Трансфер на траект. Поаѓање за Пиреа во 21.00 часот. Ноќна пловидба.

5.ДЕН (23.10.2017 – понеделник) ПИРЕА – БИТОЛА Пристигнување во Пиреа во 06.00 часот. Краток одмор. Поаѓање за Македонија во 06.30 часот. Денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола, во попладневните часови.

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                    9.890,00 денари (160 €)

ЦЕНА ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.09.2017:        9.270,00 денари (150 €)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз на горенаведената релација, 

2 ноќевања во хотел со 3*,

3 појадоци во истиот хотел,

трансфер со брод на релација Пиреа-Хераклион-Пиреа (deck-седишта, доплата за 1/4 кабина – 20 € по лице во правец – резервација при самата уплата во агенција),

трансфер со автобус од пристаниште во Хераклион – хотел - пристаниште,

организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативните излети и посети,

влезниците при посета на културно-историските споменици,

патничкото осигурување (180,00 денари по лице).

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:

Хераклион и Кносос (2.ДЕН; автобус+локален водич+влезница за Кносос) – 35 € по лице – препорака!,

Западен КРИТ (3.ДЕН; автобус+локален водич) – 30 € по лице – препорака!,

Спиналонга & Агиос Николаос (4.ДЕН; автобус+локален водич+брод+ручек) – 40 € по лице - препорака!

Влезница за островот Спиналонга – 8 € по лице – се плаќа на лице место.

ПАКЕТ ЦЕНА-ФАКУЛТАТИВА (без влезницата за Спиналонга):

100 € по лице.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.


Политика и услови

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.09.2017 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А.Турист и СКТМ


Денови : 5 | Ноќи : 2


Во цената е вклучено


  • Појадок

Во цената не е вклучено


  •     Факултативни излети и посети    
  •     Влезници за музеи    
Додај во листата на желби
Крит - Октомври
Битола
Опции за резервација
Одбери дата
Кој Број Цена
Adult €150 €150

Вкупно EUR €150
Депозит EUR €0

Напиши коментар x

Ве молиме забелешка : Кога ке го напишете коментарот тој не може да биди избришан



Слични понуди