Детали

Опис

САНТОРИНИ

                             06.10.2017 - 10.10.2017

Монденскиот, традиционалниот, мистичен - неверојатно романтичен Санторини за време на најголемиот христијански празник Велигден е центар на светот! Имате можност да го посетите најсветото место на Санторини - Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Христовото Воскресение. Архипелагот од вулкански острови (Киклади) се наоѓа 220 километри југоисточно од копното на Грција и со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Опфака територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км.

 

1 ден (06.10.’17) : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 18.30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (07.10.’17) : ПИРЕА – САНТОРИНИ        
Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари...Во вечерните часови – во договор со групата  и  нашиот локален водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за нокно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус,  враќање во Камари. Ноќевање.

3 ден (08.10.’17) : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет...посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш...посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање...патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир...стигнуваме до градот Фира - главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови...слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири...во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)... можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ден (09.10.’17) : САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.

5 ден (10.10.’17) : САНТОРИНИ – ПИРЕА - БИТОЛА
Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300. метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија.
Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

 

ЗА УПЛАТА ДО 01.09.2017 - 169 €  (10.490,00 ден.)

РЕДОВНА ЦЕНА - 189 € - (11.720,00 ден.)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : 

* Превоз со автобус Битола – Пиреа - Санторини - Битола,
* 3 НП во хотел 3* во Камари,
* Фери карта, Пиреа – Санторини – Пиреа,
* Tрансфер (пристаниште - хотел – пристаниште (на Санторини),
* Организација и придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 

* Факултативните излети и посети,
* Влезниците за културно-историски споменици,
* Патничкото осигурување (210,00 денари по лице),
* Целодневен излет низ Санторини – 35 € по лице (автобус+локален водич – минимум 30 лица)
* Крстарењето со брод – 35 € по лице (минимум 30 лица)
* Посета на винаријата – 18 € по лице (влезница+резервација). 

ПАКЕТ ЦЕНА ЗА ЦЕЛА ФАКУЛТАТИВА : 

  • 80 € по лице.

 

 


Политика и услови

НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на T.A.Турист и СКТМ.


Денови : 5 | Ноќи : 3


Во цената е вклучено



Во цената не е вклучено


  •     Факултативни излети и посети    
  •     Влезници за музеи    
Додај во листата на желби
Санторини - 11ти Октомври
Битола
Опции за резервација
Одбери дата
Кој Број Цена
Adult €169 €169

Вкупно EUR €169
Депозит EUR €0

Напиши коментар x

Ве молиме забелешка : Кога ке го напишете коментарот тој не може да биди избришан



Слични понуди