TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Аспровалта

Аспровалта - центар на туризмот во северна Грција, се наоѓа на брегот на Егејското Море. Ова е едно од оние мали места кои можете да ги сретнете било каде во Грција и кои нудат  шармантна атмосфера и гостопримство. Природата во областа на Аспровалта е како од рајот - околу 30 км плажи, главно песок, а во позадина доминираат зелените ридови и планинските врвови од 2000 метри. Заливот е едно од најчистите места на грчкото егејско крајбрежје - повеќето плажи тука имаат сино знаме, светско признание за нивниот висок квалитет. Во зима, градското население брои над 3.000 луѓе, а летото илјадници посетители избираат да го поминат својот одмор тука. Во Аспровалта можете да уживате во етнографскиот музеј на градот и црквата "Св. Ѓорѓи" – со  икона Св. Георги, донесена од Мала Азија. Иконата датира од XVI - XVII век.

Сортирајте ги резултатите по: