TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Венеција

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции. Топ 10 места од интерес: 1. Плоштадот и базиликата Св.Марко 2. Мостот "Rialto" 3. Мостот на воздишките 4. Дуждовата палата 5. Каналот “Canal Grande” 6. Саат кулата Campanile 7. "Rialto Market" 8. Возење со гондола 9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело 10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите

Сортирајте ги резултатите по: