TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Загеб

Загреб - главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска, и по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период. Загреб се наоѓа во Централна Хрватска, на југозападниот дел на Панонска Низина, на просечна надморска височина од 122м, под јужните падини на планината Медведница, на брегот на реката Сава. Сава има типично висок водостој на пролет и на есен, а низок во лето, што доведува до големи осцилации на водостојот на самата река.
Фудбал, ракомет, кошарка, атлетика, одбојка....
Културно историски знаменитости кои вреди да се посетат: Музеј на скршени врски Загребска катедрала Црква Свети Марко Плоштад на Бан Јосип Јелачиќ Долац пазар Кулата Лотершак Камена порта Музеј Мимара Хрватски народен театар Хрватски музеј на наивна уметност Загребски жичара Плоштад Свети Марко Градски музеј - Загреб Археолошки музеј - Загреб Загреб 360 ° - палуба за набљудување Музеј на современа уметност Музеј на илузии Ботаничка градина Музејот на уметностите и занаетчиството и др.
Градот нуди богат ноќен живот