TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Касандра

Исклучителната географска положба на Халкидики, го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора". Првиот крак Касандра, со низата туристички места и хотелски капацитети, кои како бисери се нижат покрај нејзините два брега, за многумина се издвојува како најатрактивен дел од Халкидики. Овој регион со своите специфични географски карактеристики: благ рељеф, зелени површини, борови шуми, прекрасни плажи и развиени туристички места, со години привлекува најголем број туристи. Вниманието го привлекуваат местата; Неа Флогита, Фурка и Неа Скиони покрај заливот Термаикос, а познатите градчиња: Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, покрај заливот Торонеос. Изборот за одмор на Халкидики, е секогаш оној - вистинскиот. Најубавите плажи на Касандра На полуостровот Касандра плажите се помали отколку на Ситонија, но тие се сосема доволни за содржински одмор. Sani  е плажа претежно во сопственост на луксузниот хотелски комплекс Сани Ресорт. Таа е една од најубавите плажи на Касандра, со бел песок и плитко тиркизно море, во заштитено подрачје за ретки птици. Единствениот дел кој е достапен за посетителите кои не се гости на комплексот е пред кафулето Анемос.  Одморалиштето е вредно за посета и прошетка низ убавиот парк. На плажата Сани очекувајте прекрасено зајдисонце. Siviri е исто така лоциран на западниот брег на Касандра. Ова место е познато по долгата плажа и убав песок, така што е идеално за семејства со деца. Шеталиштето по должината на морето е убаво украсено, па можете да поминете убав ден за време на вашиот одмор на плажа во Сивири. Egeopelagitika е една од најубавите плажи во Касандра. Се наоѓа во Посиди, долга неколку километри и многу широка. Песочна плажа со постепена длабочина и плитка вода. Уредена, но со многу простор за посетителите со сопствена опрема. Possidi Kejp (Фарос) во Посиди е всушност песочна карпа која се протега длабоко во морето. Станува збор за еден навистина интересен дел од брегот, минијатурен песочен полуостров.. На плажата нема барови или лежалки, па затоа е неопходно да си носите храна, вода и чадори со вас. Често се случува, на едната страна (кон Possidi) е ветровито, а од друга (според Egeopelagitica) многу мирно. Chrousso Bay е голема плажа со многу барови. Плажата е во близина на Паљури, бидејќи се наоѓа веднаш до ова место. Оваа плажа е една од најубавите во Касандра. Карактеристично е со песокот што е мал како брашно и многу е плитка повеќе од 30 метри. Водата е многу чиста, а морето е мирно. Оваа плажа е рај за деца. До плажата има камп, луксузен хотел и можност за спортови на вода. Плажата е совршена за семејства со мали деца. Paljuri, е уште една убава плажа во залив наречен Златна плажа. Има мали ситни камчиња. На оваа плажа има мир и спокојство, таа е засолниште, така што нема бранови или ветрови. Водата е нереално чистаа, а во позадина е шума. Длабочината е постепена, така што оваа плажа е добра за семејствата со деца. На плажата има многу простор за да ја поставите вашата опрема. Pefkohori плажа со ситен песок и чисто кристално море, не многу широка. Kalithea има една од најубавите плажи во Касандра. Плажата е долга, плитка неколку десетици метри, а бојата на морето е тиркизна, песокот е ситен. Nea Potidea долга песочна плажа, една од најубавите на Касандра, омилено капалиште на жителите на Солун Hanioti плажа со ситен песок и чисто кристално море, не многу широка ....