Грчкиот остров Санторини официјално е познат како Тира.
|
Овој вулкански остров годишно го посетуваат огромен број туристи кои уживаат во глетката на Калдера, епицентар на едно од најголемите вулкански ерупции во историјата.
|
Катастрофалнaтa вулканска ерупција во 1400 година п.н.е., е “причина“ за денешниот изглед на островот. И денес на малиот остров Неа Камел, кој се наоѓа во Калдера, има вулкански кратер.
|
Санторини е популарна туристичка дестинација, која ги комбинира грчки стил и модерен луксуз.
Главниот град на островот е Фира, а најшироките плажи се на Камари и Периса.
|
Монденски, незаборавен, традиционален...остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини!
|
Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја.
|
Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот.
|
Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади.
|
Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км.
|
Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика Kaldera.
|
На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина Mesa Vouno со највисок врв Prophifitis Ilias.
|
Климата е умерена и е медитеранска.
|
Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името Meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.
|
Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.
|